За ВМРО или за СДСМ?

За ВМРО или за СДСМ?

Еден човек влегува во супер технолошки напреден кафе бар, каде зад шанкот стои робот наместо бармен. Седнува човекот на шанкот, а роботот го прашува:
– Колкав е вашиот коефициент на интелигенција (IQ)?
Човекот одговара:
– 150.
Роботот веднаш му тура една чаша 16 години старо виски и започнува разговор за глобалното затоплување, за квантна механика, нанотехнологија итн. Човекот бил многу импресиониран од роботот и решава и наредниот ден да дојде да го тестира.
Влегува наредниот ден и истата постапка. Роботот го прашува:
– Колкав е вашиот IQ?
А човекот одговара:
– 80.
Роботот му носи кригла пиво и започнува разговор за фудбал, карти, омилени јадења, жени итн.
Третиот ден човекот пак оди во истиот бар и роботот пак го прашува:
– Колкав е вашиот IQ?
Човекот одговара:
– 20.
Роботот веднаш му става една дупла жолта и го прашува:
– За кој ќе гласаш за ВМРО или за СДСМ?

(Украдено од ФБ на Пингов В.)