Tони Науновски за пописот

Tони Науновски за пописот
ПОДГОТОВКИ ЗА ПОПИС
Тони Науновски (колумна напишана пред минатиот попис)
ШТО МОРА СЕКОЈ МАКЕДОНЕЦ ДА НАПРАВИ
Во списокот на ултиматуми од СДСМ кои наводно биле услов за нивна
партиципација во институциите на системот, се наоѓа и она за
спроведување на попис и ажурирање на избирачкиот список. Првиот
дел од ова барање (како впрочем и други а особено она за некаква
техничка влада), до неодамна воопшто и не го третирав сериозно, туку
како уште едно од листата на фантазмагории на луѓе кои соочени со
сопствената политичка конфузија и погрешни програмски концепции
немаат друга работа па си ги кажуваат јавно своите желби. Дека СДСМ,
со нивниот претседател кој јавно кажал на некоја странска ТВ дека
престроги биле судските казни за насилници кои каменуваа полицајци
(а кои всушност требаше да лежат долги години затвор за обид за
убиство, што значи казните беа скандалозно ниски!), нема уште долго,
долго време да биде власт, е повеќе од јасно. Меѓутоа, кога дојдоа
информации дека и бирократи од ЕУ (некои комисии или сл.)
инсистираат на одржување на попис напролет идната година, па дури
и дека ќе учествувале во негово финансирање како вид на притисок за
негова реализација, се чини дека можеби и има некоја координација за
ова барање меѓу СДСМ и некои таму од ЕУ. Од СДСМ изјавиле дека без
попис и техничка влада повеќе немало да учествуваат на избори, што
во овој контекст сепак дава дополнително значење на следниот попис и опасностите кои можат да произлезат од резултатите, доколку
Македонскиот народ овојпат, за првпат во овие дваесетина години, не
се организира уште отсега.
Директно кажано (тој начин на говор е се повеќе потребен во РМ, нема
веќе време за големи само-просветителски проекти), има многу
показатели и аргументи кои докажуваат дека сите пописи (дури и во
СФРЈ) на територијата на Македонија биле на некој начин фалсификувани од припадници на едно малцинство. Како дел од нивната вековна стратегија за која имаат моќни сојузници (барем
засега; но ќе го издржиме и ова време, долга е историјата) реализирана од бројните и добро маскирани актуелни поддржувачи на истата, плански распоредени низ институциите на системот – од МАНУ до министерствата, и особено медиумите – тие правеле и сигурно пак ќе прават најразлични манипулации за вештачки да го зголемат процентот, по што ќе следуваат нови и нови политички барања во
насока на теренско остварување на нивните планови. И токму затоа е
оваа моја молба, апел до Македонскиот народ. Уверен сум дека, без оглед на грозоморниот факт што за овие
дваесетина години како резултат на неспособните опортунистички
политичари доживеавме голем пад на сите нивоа, Македонскиот народ
го задржа својот колективен национален Ум. Му се случува губење на вербата во својата единствена држава, му се зададоа бројни удари врз самодовербата и надежта дека ќе има и живее во демократска држава според моделите на високоразвиените современи демократии соодветно на историскиот развој на цивилизацијата, секојдневно не понижуваат насекаде. Но токму затоа, како судбинско исправање на
неправдите, сега е мигот да се анихилираат сите (или барем поголем
број) на грешки, неправди, лаги и институционално верификувани
фалсификати – преку добро осмислено и строго рационално организирање за следниот попис, најавен за напролет. Можеби политичките елити се уплашени, малодушни – но ние, обичните Македонци кои не гледаат на реалноста од „Олимпот“ на ридот Водно,
не сме! Ние сме тука, и тука ќе останеме, на нашето парче земја Македонска под небото! И ние ќе го направиме сето она што просто мора денес да го направиме, за конечно да почне процесот на
исправање на неправдите и измамите на кои бевме подложени во овие
дваесетина години.
А толку е едноставно – секој од нас, да ги пронајде своите роднини ширум светот, своите братучеди, другари од детството, поранешни соседи или колеги од факултет кои престојуваат некаде во други држави; да ги најде адресите на своите далечни роднини и да им
објасни дека денес, сега и овде, станува збор за опстанокот на Македонскиот народ, и дека најмалку што можат да сторат сега (за пет минути од нивниот живот кои ќе ја спасат нивната држава) е да ги испратат сите документи што ги имаат на македонски јазик, преку
меил, факс, писма, сеедно. Компјутерски скенирани или фотокопии, слики или факсимили – нека ги пратат овде на нас, нивните соседи, роднини, пријатели. И, кога ќе дојдат од пописната комисија, да им кажеме, покажеме, дека и тие мора, МОРА да бидат опфатени со пописот односно запишани во формуларите за пописот!
Знаејќи ја колективната депримираност на Македонците за овие теми,
индиферентноста кон најреалната реалност,  чувство за себеси кај помладите генерации, воопшто не е прерано да се започне со овој голем проект, веројатно судбински за нас и нашата држава.
Без оглед на стандардите на Евростат или постојните неправедни за
Македонскиот народ некакви си закони донесени по 2001 год. (кои, за
иронијата да биде максимална, важат само за нас а не и за други низ
Балканот и Македонија), ние мораме да го направиме ова. Ако при пописот напролет важат исти закони и стандарди за сите, ќе важат и за нас, а ако не – како минатиот пат, и дваесетина години наназад – тогаш нема повеќе да важат и за нас. Се додека ние сме културни, цивилизирани, демократи итн. а некои други не се – ние сме реалните губитници, ние на крајот од денот остануваме без територија и нашите пари од државниот буџет. Конечно, ако оние од скопското дувло на
национализам (за жал претворено во општина од СДСМ во 2004 год.)
можеа, според славната изјава на Премиерот на РМ кога ги објасни
методите на фалсификат при минатиот попис кој за среќа беше прекинат, да прават најразлични манипулации според погоре опишаната „методологија“ за реализација на попис во Македонија, па белким можеме и ние, ако веќе така мора. Балканот во некои димензии
на геополитиката е сеуште претполитичко место на планетата Земја, каде што ние денес сме поразените – СПЦ не ја признава МПЦ, Грчките политичари го негираат нашиот идентитет, Бугарските политичари не
признаваат Македонско малцинство, а оние од Албанија кои го малтретираат постојано нашето малцинство таму се фарса на стандардите на ЕУ, на самиот поим Европа. Затоа, направете го тоа
веднаш – најдете ги роднините, чувајте ги нивните документи, и запишете ги во пописните листи кога ќе дојдат дома кај вас. Никој друг освен ние самите, секој од нас, нема да ја зачува Македонија како наша држава. А барем ова можеме и мора да го направиме, затоа што од тие
бројки и проценти ќе зависи дали воопшто и ќе имаме држава наесен,
затоа што ако пак дозволиме фалсификат на пописот тоа ќе значи
понатамошно потиснување на Уставно-правниот статус на Македонскиот народ во Македонија, процес што трае и со секој ден се интензивира.
загубеното национално

ќе прават најразлични манипулации за вештачки да го зголемат
процентот, по што ќе следуваат нови и нови политички барања во
насока на теренско остварување на нивните планови. И токму затоа е
оваа моја молба, апел до Македонскиот народ.
Уверен сум дека, без оглед на грозоморниот факт што за овие
дваесетина години како резултат на неспособните опортунистички
политичари доживеавме голем пад на сите нивоа, Македонскиот народ
го задржа својот колективен национален Ум. Му се случува губење на
вербата во својата единствена држава, му се зададоа бројни удари врз
самодовербата и надежта дека ќе има и живее во демократска држава
според моделите на високоразвиените современи демократии
соодветно на историскиот развој на цивилизацијата, секојдневно не
понижуваат насекаде. Но токму затоа, како судбинско исправање на
неправдите, сега е мигот да се анихилираат сите (или барем поголем
број) на грешки, неправди, лаги и институционално верификувани
фалсификати – преку добро осмислено и строго рационално
организирање за следниот попис, најавен за напролет. Можеби
политичките елити се уплашени, малодушни – но ние, обичните
Македонци кои не гледаат на реалноста од „Олимпот“ на ридот Водно,
не сме! Ние сме тука, и тука ќе останеме, на нашето парче земја
Македонска под небото! И ние ќе го направиме сето она што просто
мора денес да го направиме, за конечно да почне процесот на
исправање на неправдите и измамите на кои бевме подложени во овие
дваесетина години.
А толку е едноставно – секој од нас, да ги пронајде своите роднини
ширум светот, своите братучеди, другари од детството, поранешни
соседи или колеги од факултет кои престојуваат некаде во други
држави; да ги најде адресите на своите далечни роднини и да им
објасни дека денес, сега и овде, станува збор за опстанокот на
Македонскиот народ, и дека најмалку што можат да сторат сега (за пет
минути од нивниот живот кои ќе ја спасат нивната држава) е да ги
испратат сите документи што ги имаат на македонски јазик, преку
меил, факс, писма, сеедно. Компјутерски скенирани или фотокопии,
слики или факсимили – нека ги пратат овде на нас, нивните соседи,
роднини, пријатели. И, кога ќе дојдат од пописната комисија, да им
кажеме, покажеме, дека и тие мора, МОРА да бидат опфатени со
пописот односно запишани во формуларите за пописот! Знаејќи ја
колективната депримираност на Македонците за овие теми,
индиферентноста кон најреалната реалност, загубеното национално