Aegis A shore системите во Полска, Романија и Украина

Aegis A shore системите во Полска, Романија и Украина

Ниту граница премината, ниту инвазија на повидок…

Она што не е ниту спомнато е отсуството на ветување дека НАТО (поточно американските антибалистички системи Ејџиз А Шор и т.н. “мистериозни” лансирни контејнери Мк-41 за кои и врапците знаат дека всушност се спакувани Томахавк проектили) и нивните офанзивни системи нема да бидат стационирани во близина на Руските погранични области и комшии…

Такви системи САД во време на Буш/Обама ги изгради во Полска и Романија во 2008-2010 под претекс чунки дека тоа било за одбрана од Иранските балистички проектили (👆🥴) … Чудни антибалистички системи чии радари се свртени кон Москва, а не кон Иран, но ајде ќе се праиме дека пиеме и ние дизел иако неаме пари ни за плин… 🤣😂🤣

Но, поконкретно што прави САД во моментов. Тие од петни жили се дерат “инвазија, одбројување до инвазија” и ги користат уредно најавените руски воени вежби во своите граници како доказ… Но намерата очигледна и видлива дури и од месечината…

1. Тие ја користат Вашингтонската пропаганда и дерење без докази (веќе 100 пати видено дежаву) за да си го кршат договорот од Минск. Според тој договор, забрането е стационирање на трупи од големина на бригада / дивизија на линијата на разграничување на Донбас и Новорусија со Украина. И покрај тоа стационираат и големо калибарска артилерија D20/30 на само 30km од оваа линија, што е исто така забрането со тој договор… Да не се чудите што на Си Ен Ен нема да видите како паѓаат гранати во Донбас и од каде тие гранати потекнуваат… На тоа дури и ОБСЕ у извештаи пишува “unknown origin and launch site”…

Од таму и “загриженоста” со праќање оружје и добро вооружување на Украинската војска… Да не се лажеме, тоа што е испорачано на Украина е добро против фортификациско и против оклопно оружје наменето за офанзива во бунтовничкиот регион.

2. Како ли само “најголемата и најсофистицираната воена сила во светот” може да предвидува “инвазија” во Украина, а не е способна да предвиди Авганистанско фијаско и опколување на своите трупи во Кабул од страна на талибанците!?

Да ни е јасно што всушност се случува е да се запрашате како се американските” нафтени туристи” во Источна Сирија…
Да да… Повеќето платеници од блеквотер фирмичките од Вашингтон… Дали се добро!? Да не се во карантин!? Да не одржуваат карантин на сириската нафта која ја сркаат како пирати!?

Целта е јасна… Јагленот кој го има во Донбас е јасно зацртана цел за енергетски сиромашната Европа и особено на фирмите на синот на Бајден кои се стационираат во Украина и чекаат “плен” од кој треба да се праи струја и профит…

Сликички од антибалистичкиот систем Ејџис А Шор (Aegis A shore) изграден во Полска и Романија и вертикалните лансирни контејнери Мк-41…

Пит Симеонов

Скопје, 07.02.22