5 days and counting

5 days and counting

Уште 5 дена до изборен молк.
Што имаме на терен:
Битката во Македонскиот блок, повторно, ќе се води помеѓу тоталитарната (фашистичка) СДС и демократската (народна) ВМРО.
Левица ќе земе скромен дел од советничките места, одработувајки во корист на СДС за што поблаг да е поразот на нарко кланот Заеви.
Сите други ќе се со НУЛА советници и НУЛА градоначалници. Тие од Нула-Нула блокот единствено што успеаја е да ги изгнасат знамето од Кутлеш, бојкотот на референдумот од 2018-та и сета патриотска народна енергија. Покажаа и дека не само што немаат кадровски капацитет (кандидираат стрини, баби, сопруги и блиска рода), туку покажуваат апсолутен Хитлеров синдром! Односно со секој што не се согласува со нив успеаја да се искараат до најодвратно пичкарање и закажување тепачки низ Македонија. Никаков демократски капацитет.
Од двете големи партии, ВМРО е во сериозно водство во Ѓ. Петров, К. Вода, Бутел, Аеродром, Г. Баба во Скопје.
Стандардно Петровец и Сопиште се ВМРО-вски упоришта.
Низ државата во големо водство ВМРО е во Велес, Градско, Неготино, Прилеп, Битола, Д. Хисар, С. Николе, Росоман, Пелагониските општини…
Победите на Максо во Куманово и Лимунада во Кавадарци се зацементирани одамна.
Големи битки ќе се водат во Скопје, Охрид и Штип.
Во Малешевијата ВМРО е во предност.
Василево и Н. Село ќе биде тесно.
На ВМРО му се насмевнува победата во вкупен број гласови за советнички листи (тука има само еден круг).
По очајниот дебакл на Н. Груевски на локалните 2017-та, ВМРО се ревитализира до ниво што и самиот Заев говори дека Мицкоски ќе освои 25 градоначалнички места.
Ако Заев калкулира со 25, ВМРО сигорно смета на поголема бројка од тоа.
Со Божја милост, голема излезност и народна енергија 17-ти може да е почеток на брзиот крај на картелот од Муртино.
Муртино Нарко картелот има ставено во оптек 8 до 10 милиони евра за поткуп на ранливи групи, социјални случаи, роми и слични…
Но, сметам, не можат да поткупат толку многу колку ште е разјареноста на народот и желбата Вице и Зоран, заедно со Костадин, Рашко, Анѓушев, Забрчанец Маричиќ, Царовска, Кирацовски, Сугаревски, Ременски и остатокот од бандата да ги бидат зад решетки.

На крај да потсетам, и Владимир Владимирович Путин не ветуваше апсења на тајкуните пред да стане прв човек на Руската федерација.

Вечен да е денешниот празник.

 

М. Неделковски

11.10.21 – Скопје