4-ти чекор: НАРОДЕН ТРИБУНАЛ

4-ти чекор: НАРОДЕН ТРИБУНАЛ

Во две продолженија досега предлагам правци, потези и идеи за враќање на моралот, енергијата, патриотизмот, колективноста и волјата на народот во Македонија преку зајакнувањето и охрабрувањето на ВМРО ДПМНЕ.

Како и што можеше да се очекува, моите предходни предлози наидоа на општа прифатеност и одушевување кај “обичниот“ народ, но и на “хмммм“ реакција кај политичарите.

Но, бидејки јас не посакувам ничија функција во влада, собрание, партија, дипломатија, ИК или ЦК, јавно претпријатие и слични за мене “чиновничко-послушнички робии“, да си продолжам со она со што си се бавам. Пишување на вистината.

Значи, мои сугестии беа:

  1. Да не се оди во куќата на Жан Моне.
  2. Да се отстрани инаетот.
  3. Да има обединување.

 

Следниот предлог, иако во една колумна пролетоска го имам споменато, сега подетално да го објаснам. Значи, еден од многу важните чекори е УШТЕ ЗАВЧЕРА лидерот на ВМРО ДПМНЕ да формира тело, составено од непартиски членови, но врвни професионалци во својата професија, а македонољупци во душата, на кои ќе им биде дадена логистика (простории, службеници…), а кое ќе се бави со ПЕДАНТНО, СЕКОЈДНЕВНО, ДЕТАЛНО СОБИРАЊЕ НА ПОДАТОЦИ, ДОКАЗИ И ИНСИНУАЦИИ ЗА СТОРЕНИ КРИВИЧНИ ДЕЛА од страна на сегашната Бејлиево-Соросоидно-СДСМовска власт.

Тука ќе има многу работа. Многу, многу…:

  1. Ќе се започне со криминалот и кршењето на законите во врска со локалните избори, оти секое и најмало село, среден или голем град, или приградска населба знае кои се активистите на СДС што делеа пари, полициајците што попречуваа гласање, заштитарските “фирми“ што се закануваа…
  2. Исклучитено важно е да бидат процесуирани сите оние пратеници на коалицијата на СДС и ДУИ што на 27-ми април со помош на Џес Бејли изведоа државен удар во Собранието на Република Македонија, па неуставно и незаконски (со гласање со две раце, со немање мнозинство, надвор од процедура, и протокол…), спротивно на вољата на народот си се самодоведоа на власт.
  3. Многу важен сегмент ќе е документирањето на економскиот криминал со задолжувањето на земјава. Потезите на “Бруто-нето-Данска“ и неговиот комичен помошник, се разорувачки по Македонија. Тие што тоа го прават ќе ја платат сметката со долгогодишна затворска казна.
  4. Како дел од овој економско-финасиски криминал секако ќе е ситуацијата со себедоделување на тендери (Анѓушев), себеовозможување повластици на увоз (акумулатори и пак Анѓушев) и слично.
  5. Криминалот околу ветените а не дадени субвенции за земјоделците. Во евентуален судски процес, оштетно побарување ќе можат да пријават стотици илјади земјоделци.
  6. Потоа, криминалот со антидржавни и штетни по државата потпишани договори (со Бугарија, двојазичност, МПЦ…) Тука не смеат да куртулат ниту обичните искомплексирани и неуспешни лешпери од типот на талибанецот Грчев, ама ниту министри во Владата на Заев, самиот Заев, владици во МПЦ пред се Наум, архимандрити како Партениј и пред се кадарот на Сашо Станинив, “Архиепископот“ Стефан. Пред судот дали ќе дојдеш со струмичко Порше Каен, со мантија или со бичикло и раднички комбинизон – сите (би требало да) се исти.
  7. Стопирањето на, за Македонскиот народ, клучни инфраструктурни проекти заради барање на рушвет од кинезите е исто така тешко кривично дело.
  8. Натаму, незаконското работење на СЈО, шефицата на СЈО и дел од обвинителите во СЈО. Оти монтирање случаи, заплашување на сведоци, уцени на обвинетите и финасиски малеврзации со 4-милионскиот буџет самите СЈО обвинители си знаат какви тешки кривични дела се.
  9. Уличните криминали и убијства и нивното прикривање од страна на високите полициски функционери.
  10. Секако во рамките на овој ПРАВДОЉУБИВ проект, ќе мора да се најде место и за ситните гирици од шталата на Заев: авионски карти од бизнис класа за Буенос Аирес, набавка на фстаци и морски плодови, 120-члена PR банда  на Заев…

 

Сето ова може да се спроведе во редовно обвинителско-судска постапка.

Но, за обичниот излажан, предаден и превеслан народ би било многу корисно доколку по урнекот на Нимбершкиот процес или Хашкиот трибунал, оваа ПРАВДОЉУБИВА работа да се тера пред НАРОДЕН ТРИБУНАЛ. Легално избран од новото УСТАВОТВОРНО СОБРАНИЕ.

Но ова не смее да биде во форма на “идно време“ со “ќе“, не смее да биде импотентно на што почнавме да се навикнуваме, не смее да биде тихо.

Токму спротивно, таков еден ПРАВЕН ИНСТИТУТ (ете и име предлагам), што ќе биде воден од неискомпромитран и неискорумпиран (финасиски и политички) стручњак од типот на Сашо Климовски (ете и прв човек на институцијата предоложив), треба и во моментите пред да биде срушена оваа фашистичка власт (кога ќе им биде судено на членовите на ова злосторничко здружение),  да се поднесуваат пријави до Јавното Обвинителство. Па, помно следејки што ЈО ќе процесуира, дали и какви кривични ќе поднесе, како ќе реагира “не-сваровски“ судството – ќе се дефинираат и кадрите од судии и обвинители што заслужено ќе си ја вршат својата работа и по ослободувањето од овој фашистички и корумпиран режим.

Да резимирам накратко:

  1. Формирање на ПРАВЕН ИНСТИТУТ.
  2. Собирање докази.
  3. Поднесување пријави до ЈО.

По тој ред.

 

 

Миленко Неделковски

 

Скопје 26.11.2017

 

09.15 ч.