Судот во Велес, слуга на Заев

Судот во Велес, слуга на Заев
 Основниот суд во Велес претворен во приватна институција на Милева и Заев каде царува самовластие на извесни моќници
Актуелен советник на Општина Велес  ја вработува својата сестра како судски службеник
Апсолутната власт расипува апсолутно, пишал  Лорд Актон. Злоупотребата на моќта, самовластие и самоволие со години се случува  во Основниот суд во Велес. Наместо  да биде институција во која се дели правото, во неа најбрутално се врши мобинг врз вработените од извесна личност и се кршат основните човекови права.
Се поставува прашањето:
Како се делат предметите по т.н. Акмис систем на подобни и неподобни судии? Која е вработената која со години врши мобинг врз вработените без да биде казнета  и без да сноси никаква одговорност?
Која е вработената Сузана Варналиева која едноставно пали и гаси во Основниот сид Велес и ги штима предметите на подобни и неподобни судии и наредува предметите да се делат рачно наместо автоматски, такви намерни случајности и подобни за волја на вистината има многу.
Истата е блиска пријателка на Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и братучетка на претседателот на Основен суд Кавадарци Лазар Нанев. Да, па дури и предметот за поранешниот претседател на Кривичен во Скопје Владимир Панчевски е монтиран од овие претходно цитирани!
Како по некое чудо сите предмети по службена должност му се распределуваат на адвокатот Душко Петров, поранешен претседател на Советот на Општина Велес, инаку близок пријател на администраторот.
Како кулминација, дотичната моќничка во повеќе наврати ги изнесува предметите од судот и повторно ги враќа кога и е по волја што претставува своевидно кривично дело.
За волја на вистината, нејзината власт е толку неограничена што често пати добива нервни напади, чука по бирото и се дере на вработените,мавајќи ги со предметите што и се наоѓаат при рака.
Со оваа институција се однесува како да е нејзина приватна сопственост за што сведочат вработувањата на нејзините блиски роднини.
Предметот за Панчевски е посебна приказна првично предметот откако е пратен од Скопје по налог на скопскиот обвинител Сашо Рајчев со автоматска распределба се паднал кај судијата Шефшет Адеми кој еден период и работеше во Основен суд Гевгелија и во кривичниот совет и беше многу близок со претседателката на Гевгелија Злата Попова која незаконито и даде на Катица Јанева наредба за претрес на Панчевски, се зборува дека во Гевгелија ова трио било многу “силно” впрочем Шефшет Адеми е и еден од судиите кои постапуваа во Кривичниот совет по жалбите на Панчевски за незаконитиот претрес, а  неговиот син Агрон Адеми по струка социјални работи од пред една година вработен е во Кривичен суд како награда.
Предметот за АКМИСОТ за Панчевски по наредба на судскиот администратор во судот во Велес  Сузана Варналиева (по телефонско јавување од Тања Милева онаа што експресно напредуваше од судот во Велес во Апелациониот суд во Скопје) наредено е предметот да се прераспредели кај судијата Габриела Гајдова блиска пријателка на Варанлиева и судијката Милева. Инаку судијката Гајдова е сопруга на Кирил Гајдов член на Советот на Општина Велес и блиска до актуелната власт особено ако се земе предвид дека е внука на човек близок до Тито Петковски. Инаку судијката Габриела Гајдова го судеше и го ослободи по нарачка советникот на Зоран Заев од Кривичниот суд за нападот на службено лице во судот, ослободителната пресуда во Апелација Скопје ја потврди кој друг ако не колешката од Велес судијката Тања Милева. Интересен е овој сплет на судска мрежа ако се знае дека и сега предметот на Панчевски кој го води Гајдова по жалба на Панчевски за надлежноста на судот во Велес повторно е во рацете на Тања Милева од Апелациониот суд Скопје. За која правда и право и за каков АКМИС зборуваме и му се суди на поранешниот претседател на Кривичен кога сега вака се менаџира со судот во Велес и судовите воопшто.
Во судот во Велес е вработен и роднина-сват на Варналиева на работното место хаусмајстор кој секој ден доаѓа подоцна бидејки е од населбата Дурутовец од причини што овде истиот мора да се одмори за да собере сили за неговата приватна работа која ја обавува после работното време.
За иронијата да биде поголема, во нејзината канцеларија цело време е присутна нејзината снаа, која наместо да биде на работното место во Јавното правобранителство во Велес на кое е вработена по цел ден ја оценува работота на судиите кој работи а кој не додека вработените се приморани да и варат кафе и да ја честат со разни закуски.
Како кулминација на моќта на администраторката, на последниот јавен оглас и покрај заземениот став на Судскиот совет да се продолжат договорите за вработување  на истите вработени во сите градови во цела Македонија,администраторот си зема за право да ги отпушти бидејки истите не и се по волја.Таа го има правото да одлучува кој ќе биде вработен и чија глава ќе лета
На администраторот мора да и се исполни секоја желба како што во Светото предание на Соломија и се принесува главата на Свети Јован Крстител.
На последниот оглас 2/19 администраторот ги вработува нејзината братучетка Василка Панова и Верче Мирчевска, сопругата на сопственикот на бифето Серенада во која истата е чест гостин.
Актуелниот член на советот на Општина Велес Вероника Ивановска, ја вработува својата сестра Верче Мирчевска на работното место Судски службеник –Судски дактилограф што претставува класичен случај на непотизам и судир на интереси.
Кулминација на нејзината моќ достигнува случајот кога го суспендира судскиот полицаец кој точно на време на госпоѓата кралица не и ја отворил вратата од судската зграда, поради што истиот ја фаќа за гуша.
Иако во континуитет со години врши мобинг врз вработените,сите вработени во судската администрација како по некое непишано правило мора да молчат затоа што следуваат закани со санкции за дисциплински постапки.
Се поставува прашањето: Дали е ова правна држава и каде се толку прокламираните начела за фер и независно судство?
Дали со вакво реформирано судство со моќници како администраторот Сузана Варналиева Р. Македонија ќе влезе во ЕУ или сето тоа е мисловна именка.
Автор:
Стручен соработник во Основен суд – Велес
07/02/20