Шумковски

Шумковски

Бидејки гледам дека г-дин Шумковски се мачи со собирање потписи, регистрирање на партијата, нрој на лајкови и коментари на неговиот ФБ, гледаност на видеата…, паралелно плашејки се како ѓавол од крст да ми го спомене името па мене и мојата емисија (каде гостувале и пишувале сите кој тој поименично ги набројува) ги прекрсти во дудинка.ком – еве да му направам гледаност и покажам што значи човек без комплекси и човек што не брише никого, и човек што не се плаши од никакви авторитети – го објавувам неговиот автобиографски текст.

Мислам, стварно ми е жал да го гледам со 6 до 13 лајка во просек.

Еве еднаш и тој да се појави пред 5.000 прегледи дневно на Дудинка и 60.000 народ кај мене на Фејсбук.

 

‐—-‐—————-

 

Јас сум, да не звучи фалбаџиски ама штом мора да се одговори, еден од најдобрите светски (не македонски, не балкански, не европски) експерти за меѓународен развој (економски, општествен, социјален, итн). Имам долгогодишна успешна кариера и водено комплексни проекти и реформи за добробитта на народите во 30-тина земји со претседатели, премиери, министри и за најголемите меѓународни организации кои сум се обидувал да ги променам на добро, барем во програмите кои јас ги водев. Автор на научни трудови објавени во double blind peer reviewed академски публикации. Син на патриоти и внук на борец за Македонија кој за неа помина 5 години на голи оток, и татко на бројни македончиња. Не можејќи да го трпам предавството, јас од јануари 2017 си го напуштив удобниот меѓународен живот и сум пред собрание (имам спиено во шаторчето ноќи), во организација на протести и отпор од секој вид, вклучително и сегашниот со иницијативата за Родина Македонија. Сметам дека јас треба да дадам личен пример на саможртва за Македонија за да се охрабрат и другите интелектуалци не само да не молчат, туку и активно да се вклучат во одбраната на Македонија. Само со таков пример ќе се помогне во кршењето на менталните блокови 30 години инсталирани во главата на Македонецот дека “се било решено таму некаде горе”. Ние, јас и вие, и други, доаѓаме од таму некаде горе и им ги отвораме очите на народот, дека ништо не е решено таму некаде горе како што ни кажуваат политичкиве слуги на глобалистите, туку дека ние се прашуваме и решаваме за нашата судбина. Сметам дека е тоа наша должност и обврска и верувам дека сите вие кои сте цвет на нашата интелегенција, ум и способност ќе се вклучите активно во тој процес на ослободувањето на Македонецот, заедно со сите други слободолјубиви народи, како и Американскиот, Британскиот, Францускиот, Италијанскиот итн, и во овој историски момент да препознаете дека вие сте тие кои можат, требаат и мораат да ја спасат Македонија и нашиот народ. Оти други нема! Поздрав. Македонија Вечна! www.sumkoski.com

 

Дудинка.ком

29.01.200