Штетноста од носење маски

Штетноста од носење маски

Нека не ве мрзи да прочитате и да се освестите дека од нас зависи дали ќе останеме овци!
Една од последиците на носењето маска , со часови, предизвикува хипоксија.
Хипоксијата буквално значи “низок кислород”, но се дефинира како недостаток на количеството на кислород што ги достигнува ткивата на телото.
Кога возрасен носи маска 8 часа, кога ќе почувствува некој од симптомите подоле, свесен е и резонира дека нешто му се случува и соодветно реагира.
Но децата, кои исто така носат маски и се авторитативни, дури и кога не можат да земат воздух и имаат мачнина, маските не ги тргаат. Особено помалите деца кои се на целодневна настава и поминуваат 8 часа во училиште.
Цели 8 часа нашите деца се малтретираат, ни ги тероризираат. А ние ќутиме. Немало кој да ни ги чува, па што можеме ние, системот ни е таков, друг одлучува и ко овци си климаме дека така е додека децата ни се гушат 8 часа со маски преку уста!
Освен хипоксијата, најголем проблем е што не може да се исфрлат бактериите кои природно ги имаме во нашето тело, особено децата кои и до 40% ја имаат бактеријата Стафилококус ауреус која е резистентна и носи тешки инфекции.
Маските може ќе ги заштитат од некои бактерии, но затоа поголеми се шансите да се разболат од пострашни инфекции заради долгото носење на маска.
После 2 години, направени се истражувања, со факти и докази дека ризикот за децата да имаат тешки последици или смрт е речиси 0.
Во Шведска и Шкотска наставата не е прекината изминатите 2 години и нема заведено дете кое се разболело, инфицирало особено најмалите, а не па завршило тешко, во болница или умрело.
На страна што ги избезумивме децата со сите тие протоколи и мерки, па сега со почетокот на учебната година и со изолации. Толку се мали и сетоа ова најтешко е за нив, па и реагираат престрашено секогаш кога ќе се соопшти дека бекое другарче се инфицирало.
Ама не, ќе си ќутиме дека Филипче е многу смирен додека ни ги соопштува нечовечките мерки, а ние ко добро истренирани овци си климаме и си ги тераме.

Симптоми
Знаците и симптомите на хипоксија може да варираат помеѓу различни луѓе и колку долго се присутни симптомите. Некои од нив вклучуваат:

Вртоглавица или несвестица ( синкопа )
Недостаток на здив ( диспнеа )
Збунетост, летаргија и / или недостаток на пресуда
Главоболка
Брза срцева фрекфенција (тахикардија)
Зголемена респираторна стапка (тахипнеа)
Еуфорија и чувство на благосостојба
Трпење, топли сензации
Зголемен крвен притисок (хипертензија)
Недостаток на координација
Визуелни промени, како што е видливоста на тунелот
Зголемени број на црвени крвни клетки ( полицитемија ) кај луѓе со хронична хипоксија
Модната нијанса на усните и екстремитетите ( цијаноза).

Eлена Петковска

Скопје, 21.09.21