Шах-мат за Путин во Кавкаскиот регион против силите на се што значи Сорос и глобалфашисти

Шах-мат за Путин во Кавкаскиот регион против силите на се што значи Сорос и глобалфашисти

Емилија Гелева, 10.11.20 Скопје

2000 руски мировници се стационирани во Карабах за да го обезбедат постигнатиот договор за мир меѓу Ерменија и Азербејџан, но пред се, за да ја заштитат православната ерменска популација да остане спокојно да си живее во Нагорно Карабах.
Ерменскиот про Соросов лидер Пашинијан ја изгуби војната и Карабах. Азербеџајн победи, негувајќи доверба во односите со Москва. Се вели дека кој го има Карабах го држи Кавказ, и сега Азербејџан повторно ќе и се придружи на Организацијата на Договор за Колективна безбедност (во која Ерменија е веќе членка) и во Евроазиската унија. Со тоа НАТО е исфрлен од регионот на Кавказот, а Русија си ги обезбеди своите долгорочни договори за гас со Баку и своите безбедносни интереси во регионот на Кавказот.
По силната руска акција во северна Сирија против воени милитанти подржувани од Турција, едновремено со почнувањето на првите конфликти околу Карабах пред повеќе од еден месец, Русија го припитоми турскиот лидер Ердоган во Азербејџан. Ердоган имаше испратено воени сили во Азербејџајн не за да поддржи војна, туку за да си обезбеди дел токму од овој поствоен колач, поточно своите приходи од азербеџанскиот гас.
Во меѓувреме Трамп бие тешка битка со Сорос и глобалфашистите во САД. Се очекува и неговата победа таму.