ЧЕСТИТАМ

male hand giving money to another one, isolated on white

Пред да заминеме на годишни одмори, да резимирам:

1.Откако го шитнаа Мерцедесот и со парите платија лекување на тешко болните,

2. откако бруто-нето-Данска три пати за месец дена не не‘ задолжи,



3. откако на први сите примивме минимум по 500 евра,



4. откако Димитров ги шармираше грците во Атина па тие ни дозволија да влеземе во НЕТО под ФИРОМ,



5. откако ги исплатија субвенциите,



6. откако ги сменија вратите на премиерскиот кабинет,



7. откако ги извадија блиндираните стакла и апаратите за кислород од премиерската тераса,



9. Откако стана јасно дека со 70.000 евра годишно не се станува соросоид,



ЕВЕ СЕГА ЈА СМАЛУВАТЕ И АДМИНИСТРАЦИЈАТА!






Значи, се изнаработевте. Значи, се изнаостварувавте.

Значи, Алал да ви е. Сега заслужено да си одите на одмор. Да отпочинете малку. Душа малку да земете.

Има време. Кога ќе се вратите “решете“ ги и Орданоски и Писарев и Бени и Џељо и …. Ма си имате вие список, си знаете.