ЦУЦУЛОВСКИ

НЕКРОФИЛИЈА. Анџелина Џоли одлучи да си ги ампутира градите, бидејќи ако има гради може да добие рак. Ако добие рак, може да умре. А, тоа е непријатна работа. Подучен од неа, одлучив да си го одземам животот, бидејќи ако живеам можам да умрам. Тоа, пак, е непријатна работа. Затоа, одлучив да се самоубијам, за да не умрам.

Тоа се „западните“ вредности (кон кои и ние, како здраво општество, стремиме), произлезени од духот на форсираната некрофилија и посакуваната параноја. Имено, смртта секаде демне и нѐ прогонува. Затоа, нека смртта се уништи со помош на смртта!