Туширање со тенок млаз!!!

Туширање со тенок млаз!!!

Штедење во основа е себеосакатување.
Скратување од сопствените потреби за исхрана, хигиена, естетика, образование, култура – за да се плати EVN,   на пример.
Еден билет помалку за театар, еден ден помалку за туширање, без супа во оброкот – штедење. Самоповредување.
За да можат до коска да ве исцицаат големите компани, корпорации, државата…
Штедењето нема долен лимит. Само смртта е крај на штедењето, оти се нешто во животот може да се скрати.

Што да се прави?
Според мене, единствен начин да се надмине проблемот со штедење за да се преживее е да се заработи повеќе за да се живее.
Доколку ве бива наместо да штедите, барајте поголеми дневници, саатници, хонорари, плати, надоместоци… На тој начин лесно ќе си платите струја, гориво, исхрана, туризам, хигиена, култура… А ништо нема да си ускратите, нема да се самоповредите.

Дали можете?

Е тоа зависи од одговорот на прашањата: дали ве бива, дали сте вработени преку партија, дали ве бараат и на друго место да ве ангажираат, дали сте продуктивни…?

Секако, постои и опцијата на народен револт/бојкот на неплаќање сметки
Како во Неапол во Италија.
<mАма, за тоа треба КОХОНЕС.

<М.Н.