ТОЛЕРАНЦИЈА

ТОЛЕРАНЦИЈА

Да замислиме две хипотетички ситуации, но многу реални (секоја сличност е намерна):

Пример прв – имаше 40-и-кусур години, немаш женска, не си оженет, не си вработен, живееше со мама и тато, шеташ куче секое сабајле, немаш приходи, родителите те хранат… Можеш ли во ист момент да фатиш женска, се ожениш, вработиш, купиш стан???

Пример втор – немаш партија, немаш листи, немаш потписи, немаш лидер, немаш носители… Дали можеш одеднаш, во исто момент, да имаш партија, листи, потписи, лидер, носители???

Јас мислам дека ниту едното, ниту другото може одеднаш, моментално да се реши. За се‘ треба време и голема доза на толеранција! Треба да истолерираш некоја што ќе те земЕ на 40-и-кусур, треба да истолерираш некој глуп шеф на работа, треба да истолерираш банка со ѕвесрки лихварски услови… Или, треба да истолерираш секакви карактери што ќе се пишат за потписи, што ќе ги ставиш на листи, со кои ќе оформиш партија, кои ќе ги направиш носители…

Ни едниот (приватен), ни вториот (општествен) проблем можеш да го решиш со исклучивост, недипломатски и самобендисаност.

Не бива таа работа, па човек  (луѓе) што ништо практично не сторил(е) во животот приватно или во јавниот (политички, медиумски, патриотски…) живот воопшто, да кажуваат како треба, кој бил кој, што било што… И згора на се да инсиситира(ат) дека неговото/нивното е единствено решение што сите треба да го прифатат.

Не иде тоа.

Македонија долги години нема лидер. Децении би рекол. Од Ченто и Панко наваму. Нема харизматичен лик што ќе поведе. Сите со такви предиспозиции биле отепани: Гоце, Јане, Тодор, Питу (Кузман Јосифовски), Ченто, Панко… Во поновата историја само Никола Груевски имаше шанса да прерасне во национален лидер, но за жал стана национален срам на бегалец и кукавица.

Сите други, Киро, Бранко, Борис, Хорхе, Бучко, Заев беа само себични фигури кои не беа заинтересирани за народот и државата.

Дали Мицкоски може да е лидер? Харизматичен, патриотски, мудар, итар??? Искрено, појма немам. А, мислам дека и тој сам не знае во овој момент.

Па така, во оваа ситуација, прашањето од почетокот на текстот: Може ли тоа да се реши веднаш, сега, моментално?

Жалам, одговорот е дека НЕ МОЖЕ.

Народот има свои барања, истите барања ги имам и јас. Име, идентитет, историја, јазик, црква… Се‘ она што во последните 30 години се раскрчмува, да се поврати. Имаме ли на кого да ги адресираме? А?

На СДС секако неможеме, оти се тие гробарите на државата. На ВМРО ДПМНЕ не е баш дека нешто му веруваме. Сите други,  на куп да ги ставиш, вредат помалку од прочуениот младински женскопетлевски хор “Ова е пуч“.

Да се бојкотира? М?

Па и тоа не ќе да е решение. Бојкотираш и му даваш шанса на фашистот Заев да владе фашистички и диктаторски, без грам правда, уште 4 години.

Угоре високо, удоле длабоко.

Јас немам ум, ко што имаат купишта новосоздадени пишувачи на социјални мрежи, па да советувам што да се прави, за кого да се гласа. Немам намера никому да му се мешам во неговата одлука што да прави и како да делува.

Но знам, дека одеднаш нема да ја биде. Ете, на пример, Манчестер сити, преку ноќ сакаше да стане европски гигант (рамен на Барса, Реал, Јуве, Милан, Интер, Баерн, Ливерпул, Јунајтед…), ама не ја бива! На сите пари на арапите, нема европска титула, плус сега има казна за измама при цените на трансферите.

Но она што знам е дека сме ние ќар 30 години. Првата држава ни траеше 10 дена, додека аскерот не се собра во Битола. Втората беше слободната територија во Втората светска војна. Третата беше создадена на Првото а покопана на Второто заседание на АСНОМ, кога патриотите беа избришани од страна на имплантите на Темпо. Е оваа траеше 30 години. Три децении бевме Македонија, Македонци со Македонски јазик. Тоа, никаков бугарски, преспански или тирански договор како факт неможе да го избрише. Фактот дека имало држава независна и суверена МАКЕДОНИЈА со Македонци кои говореле Македонски јазик ќе остане и ќе боде во џигерот на нашите душмани.

Некои други генерации, можеби баш следната, или можеби баш оваа што сега сака да дојде на власт, ќе даде лидер. Никој не верувал дека лидер може да е работник ко Валенса, комичар ко Зелински, КГБ-овец ко Путин, шофер на автобус ко Мадуро, повеќепати банкротиран ко Трамп… Па ете, станале лидери, лидеришта.

Од сите нас досега, толку. Не се спротиставивме на злото наречено Зоран Заев, не ги одбранивме браќата од 27-ми, не ги осветивме децата од Смилковско, не се качија 100-тици од Битола и околината на Кајмакчалан, не се собравме пред промоцијата на книгата на Каракачанов, немаше десетици илјади при менување на името, двојазичноста и слични осакатувања. Дијаспората не е како албанската или хрватската да може политички и финасиски да издржи внатрешнодржавен воен конфликт. На богатењето на дебелите владици гледаме како на е-шо-да-се-праи.

А и во таа идина што може да е за два месеца, две години, 20 години, половина век…, тој некој лидер што ќе го поведе народот нема да може да ги реши сите проблеми веднаш, во истиот момент. Како и нашиов лик, стариот ерген од почетокот на текстот.

Затоа, first thing first.

Прво, да падне фашизмот, да падне Зоран Заев.

Тоа е за мене приооритет. За вашиот, вие си знаете и решавате.

 

 

Миленко Неделковски

Скопје,

20.02.20

07.47 ч.