Тања КАРАКАМИШЕВА – трет дел

Тања КАРАКАМИШЕВА - трет дел

Лекција бр. 3 за предавниците и безрбетниците

КОИ СМЕ НИЕ, МАКЕДОНЦИТЕ? (трет дел)

Германскиот научник Weigand (Gustave Weigand, Ethnography of Macedonia, Leipzig, 1923, стр.29-82) со релевантни историски факти ги има демантирано грчките обиди за искривување на историјата на светот и во 1924 година им има сугерирано на големите европски сили да ја исправат грешката направена на Македонија со Букурешкиот договор од 1913 година: ” Со исправање на таа грешка ќе се врати честа и достоинството на најстариот народ во Европа, Македонскиот”. Научникот натаму продолжува: “Современите Македонци се посебен Пелазгиско-древно-македонски народ”.

Плејада светски научни авторитети со својата истражувачка работа, објективно, суверено, без предрасуди и калкулации, без нарачки и шпекулации веродостојно ја имаат елаборирано поврзаноста меѓу етногенородните браќа по род Древномакедонците и современите Македонци.

Сега збор два и за црквата, за христијанството, односно месијанството.

Значајни библиски пишани артефакти за ширењето на христијанството односно месијанството (Месија, македонски кодиран збор со исто фактичко значење и во современиот македонски јазик Ме сија, Ме свети, Ме просветлува, Ме продуховува) и градењето на првата црква во Македонија непосредно од Исусовиот ученик, светиот апостол Павле, се најдени и поврзани со Македонија.

Токму апостолот Павле го имал ставено соученикот Македонец светиот апостол Лука, пратеник и апостол на Исус, евангелист на Светото писмо, да биде старешина на штотуку формираната Македонска црква и Прва црковна општина во Европа.

Во второто доаѓање на апостол Павле во Солун се сретнал со неколку организирани Исусови општини кои успешно се справиле со гонењето од римската власт, кои благодарение на Господ нашиот спасител Исус се уште егзистираат до денешни дни.

Исусовото Месијанство во Европа започнува од Македонија, со прво крстената Македонка Лидија прифатничка на Исусовото учење.

Македонските месијански мислители ја негувале тезата дека светот и животот треба да се запознаат во внатрешната суштина, и создавале житија, слова, беседи, поуки…дела со пишана македонска реч за животот во даденоста Божја.
Македонскиот и светски истражувач на карпатската уметност, г.Душко Алексовски во своите наоди меѓу кои и 400 крстови стари повеќе од 4000 години практично ги има посведочено Македонските мозаични базилики обликувани во библиска содржина преку која се гледа високо развиената духовно-културна и уметничко-мисловна форма на изразување кај Древномакедонците.

Климентовиот универзитет од X век од н.е. во Охрид со своите 3500 ученици и подоцна Кратовската книжевно-просветителска-препишувачка школа и дејност имаат древно-македонски традиционални писмени и јазично-ракописни архаични писанија кои биле во употреба се до почетоците на современиот литературен македонски јазик во 19 век. Како примери се наведуваат Болонскиот псалтир, Кирилскиот споменик од 13 век создаден во Охрид, Охридскиот апостол најден во Охрид во 13 век, Добромировото евангелие од поп Добромир во 12 век, Оливеровиот минеј 1342, Цветниот триод 13 век, село Слепче, итн.

Ова наследство скриено во светските трезори на книжевни споменици се цврста канонска врска со македонската писменост и култура, со древномакедонскиот јазик и светската писменост воопшто.

Етногенезата на Древномакедонците е прекрасно искажана во “Илијада” на Хомер која изобилува со зборови и архаизми напишани во папирусите од Херодот и Енеида од Верилеј.

Токму “Илијада” на Хомер содржи безброј зборови идентични со денешниот македонски јазик.

Како пример ќе ги наведам следниве:
ајде, ајма, бере, благо, бога, василија, дар, затна, дол, ламија, медовина, пиете, печ, плуг, пиеш, рај, петје, предол, позеди, матер, лед, дума, све, седло, сон, тај, та, уседи, стермо и многу други.

Следи и едно наградно прашање до Заев и Шеќеринска: ГИ РАЗБИРАТЕ ОВИЕ ЗБОРОВИ?

И прашање до Димитров, кога преговараш со оној твојон колега Коѕијас не ти доаѓа од внатре, онака од утробата да го прашаш, абе човече знаеш ли што значат овие древномакедонски зборови? Одговорот од Коѕијас ќе биде сигурно НЕ.

Епа од кај бе тогаш вие сте Македонци, а ние не сме?