СЛЕТАА ЛИ АВИОНИТЕ?

СЛЕТАА ЛИ АВИОНИТЕ?

Како што сликовите би се изразил Палчо “Слетаа ли авионите“.

Србија, нашиот северен сосед, го јаде истиот стап што го папавме ние во Македонија.

Србија, која преку неколкумина новинари, професори и преку министерот за надворешни Дачиќ, не прпушта прилика да не’ навреди, Србија која има дузина емисии каде е загрижена или го критикува начинот како ние сме го дале името, ете на таа Србија сега и се случува 100-кратно поголема трагедија од нашата.

Нам, на МАКЕДОНЦИТЕ, не можат да ни земат нешто што не ни го дале, ниту можат да ни го земат она што неможе да се земе. Името и идентитеот е составен дел на нашата ДНК, нашето срце и нашата душа. Никаов потпис на никаков г’з папир од Нивице, никаков Охридски, Пржински или било кој друг моронски договор тоа не може да го измени, Ние остануваме МАКЕДОНЦИ што живеат на територијата на МАКЕДОНИЈА (цела, не само овој Вардарски дел), а како и во римско, турско, српско, бугарско и комуњарско територијата ќе има привремена именка што ја наметнува окупаторот. Како што кралството СХС не’ нарекувала Вардарска бановина, како што Вулгарите не’ прекрстувале во Западна Бугарија, така и сега е оваа глупост со Северна. И, како и бановина, како и “западна“, така и оваа “северна“ е минлива работа. Со падот на фашизмот и поразот на окупаторот, ќе се избрише и тоа “име“.

Секако, падот на фашизмот и отстранување на окупаторот ќе значи веднаш притварање на сите виновни за настаните на 27-ми април 2017-та. Под “виновни“ не мислам на патриотите, ами на вистинските виновници, односно на насилниците и пучистите од СДС и ДУИ. Од Зоран Заев до Ал Ахмети, сите вклучително и Шилегов, Мисовски, Мухиќ и сите други што нелегално, неуставно, незаконски и криминално гласаа ќе бидат веднаш притворени, а потоа и судени. И, се надевам, и осудени. Сите на чело со Талат Џафери.

Така ќе заврши предавничката сага започната со воениот конфликт 2001-ва и предавство во Охрд од страна на Борист Трајковски, Љупчо Георгиевски и Бранко Црвенковски, па преку Пржино дојдена до случувањата во парламентот есента и зимата 2018/19.

Таква лустрација, пјурификација, ќе ја изнесе Македонија на прав пат.

Во моментов Србија и српското раководство ја играат предавничката улоха на Борис, Љупчо и Бранко од 2001-ва (ми као нападамо, а они се као бране), обидувајки се да дојдат до “пржинскот“ ниво на капитулација според урнекот на “Никола Тодорв – Никола Груевски“ предавството.

Нам, значи, името не можат да ни го земат. Нема таква операција ниту таков хирург што може да го отвори мозокот за да дојде до мислата или градите за да дојде до срцето, па да ја отстрани идеата дека сме МАКЕДОНЦИ на МАКЕДОНСКО тло.

За разлика од нас, на кои не можат да ни земат нешто што неможе да се земе, на србите и Србија можат да им го земат она што фактички постои: територија, градови, комбинати, фабрики, рудници на Косово и Метохија (за мене Косово никогаш нема да е Косово туку Косово и Метохија, и покрај тоа што србите едвај дочекаа да не’ наречат Северна).

Тоа што србите од Гљилане, Урошевац, Џаковица, Ѓенерал Јанковиќ и суте други места со години го продаваа за пари (исто како кај нас во Дебар или Тетово), за да си купат стан на Коњарник, во Дорчол или во најмала рака во Нови Белград, сега ќе им биде и формално правно одземено.

Признавањето на Косово од  страна на Белград (Вучиќ – Дачиќ) е одамна договорена работа.

Вучиќ е она што е Заев кај нас – ноторен лажго и преварант. Своите ставови ги менува на дневна основа. Единствено што му е важно се профитот и власта. Србија, КиМ и србите не го интересираат.

Еве и доказ, Од ставот искажан во ова видео:

… до ставот од пред некој ден “дека Косово е загубено“, може да се мине само ако се нема образ, душа, чест и морал.

Затоа и српското фолирање “Ваздухополовство подигло авионе“, “Авиони у ниском лету изнад Новог Пазара“ (Нови Пазар, инаку, е во Србија), “Кренула војна моторизована колона из касарне у Краљеву“, се само замајување на српската јавност дека као “они као пичке нападају, а ми као соколови бежимо“ (стара црногорска).

И стварно, има ли одговор на прашањето на Палчо “Слетаа ли авионите“. Оти, нели полетаа!!! Се надоврзува и прашањето до каде е моторизираната колона на војската што појде од касарната во Краљево. Ото од Крањево до Рибаричи има точно 129 километри, односно со 60 на саат по патот низ кањоното на Морача, се стигнува за 2 часа! Е па сега, стигна ли колонава моторизрана е прашањето?

Да е “цело кога има се’“ е и акцијата на српската полиција среде Белград (таму инаку под покровителство на Александар Вучиќ а со саудијски пари се гради најголемата џамија во Европа), каде со кордони се спречуваат мирољубивите и ненеасилни протести на српските патриоти да го изразат своето незадоволство од одржувањето на “фестивалот“ кој се нарекува “Мирдита, добар дан“.

Да заклучам, Србија го предаде Косово. Вучиќ го лажеше Путин, шуруваше со Меркел, го слушаше американскиот амбасадор во Белград. Се’ исто како Груевски и Заев. Иста ќе биде и судбината.

Разликата е во тоа што КиМ ќе стане и де факто и де јуре шиптарско, а името мене од градите, срцето и мозокот никој не може да ми го одземе.

 

 

Уживо – полиција чува албанске екстремисте на фестивалу Мирдита у сред Београда.

Gepostet von Милица Ђурђевић am Mittwoch, 29. Mai 2019

 

Косово

Изјава Милице Ђурђевић Стаменковски поводом фестивала "Мирдита, добар дан".

Gepostet von Српски сабор Заветници am Mittwoch, 29. Mai 2019

 

 

Миленко Неделковски

31.05.19

Скопје. 07.23 ч.