САКИ И БОКИ ЛОПОВИ

Толку на големи звона беше најавуван авторскиот проект на Боки што се емитува кај Саки!!! А глуми Ристичка. Море и вмешан и Коколанов. Оној де проект каде не издржа ниту една цела емисија, а да нема ЦЕНЗУРА!!!
Ова било, тоа-оноа… Фалби, фалби…Па и оној јадник Чарлс Гарет порача дека сатира ни требало. Тој со лик и дела како од Мапет шоу, нам сатира ни препорачува!
Проектот демек бил уметнички, авторски, оригинален, со американци во екипата, со АМЕРИЧКИ пари!!! Па испопотпишани под проектот Борјан, па Биљана, па триста чуда. Па Телма на Саки ја емитува. Па на газдарицата на телевизијата Оливера Јосифовска не и се допаѓа.
И, опааааа, сето тоа било КОПИЈА. Саки и Борјан крадат идеја од друга држава. Не било која, туку од легендарната држава Киргистан. Брзо сега на Гугл мапс да ја најдете. Или ќе ви го пратам Чом да ви обајсни географија како за Естонија-Летонија-Литванија… Киргистан е под Казкстан, над Таџикистан а до Узбекистан!!! Јасно?!
Па толку се инвентивни Боки, Саки и Ива, што од таму програма крадат?! Апашааана.
Уште од пролетоска имало “Контравести“ во Киргистан!!! Си истите американци текстописци и адвајзори, со исти американски пари….
Значи и “контравестите“ во Киргистан наречени “Студио 7“ се со пари од истиот извор УСАид, со истите американски советници и текстописци.
Накратко, НАРЕДБАТА ЗА “ПОТРЕБА“ ОД САТИРА ВО КИРГИСТАН И МАКЕДОНИЈА Е ДОЈДЕНА ОД ИСТ ЦЕНТАР.
Много јаки ова уредничиштава Саки и Борјан!!! Многу!!!