Росоклија за хедонизмот

Росоклија за хедонизмот

ХЕДОНИЗАМ

Деновиве една докторантка, ми ги честиташе празниците и ми се заблагодари за моето досегашно менторство. Покрај другото, ми заблагодарува на моето објаснување, како го бирам тимот за да дојдеме до успех (научен тим, спортски тим…).

Што сум рекол?

Дека за избор на членови на тимот, примарна е нивната лојалност, лојалност кон лидерот и лојалност кон целта.

Како да ја предвидиме лојалноста?

Едноставно, го гледаме нивниот однос кон родителите и кон децата, како и нивниот однос кон претходниот тим и цел.

Поединецот кој не му е лојален на семејството, нема да биде лојален никому и на ниту една цел.

Тука се поставува прашањето за хедонизмот како филозофија на живеење.

“Хедонизмот е етичка теорија дека задоволството (во смисла на задоволување на желбите) е највисокото добро и правилна цел на човечкиот живот.“

Како ќе го живееме животот одлучуваме ние, секој за себе.

При тоа, мислењето на луѓето околу нас може да не не интересира, но ако не интересира, мора да сме свесни дека тоа мислење за нас, луѓето ќе го формираат врз основа на нашето однесување кон создадените обврски.

Грубо, во нашиот живот имаме фаза во која немаме обврски, следи фаза кога сме создале семејство и обврски, и фаза кога сме ги исполниле обврските кон семејството и сме без обврски.

Живот во кој примарна цел ни е задоволување на сопствените желби, а во периодот на создадени и неисполнети обврски кон семејството, ни го руши авторитетот изграден до тој момент и го губиме респектот на оние кои до тој момент не респектирале.

Таквиот не го вклучувате во тим со кој се стремите кон целта.

Горазд Росоклија

12.01.2023