Поразот на поразените

Поразот на поразените

Помина една недела од изборите и победата на ВМРО.
Останува уште една недела до вториот круг.
Поразително е за малите партии што себе си се нарекуваат патриотски (а во суштина се полициски импланти) да не излезат со став кому даваат поддршка во вториот круг!!! Не оти се тоа решавачки број на гласови, туку да се види кој е про а кој контра Заев.
Поразително е за ликови што се представуваат како патриоти (Тони Науновски, Стефан Влахов Мицов, Вики Петровска, Томче Ширков, Мирка Велиновска и сл.) да немаат став кого ќе поддржат во вториот круг, а поддршка на ВМРО да му дадат Камиказа и Бени кои се левичари по определба.
Одвратно е личната вендета и омраза да е посилна од насушната потреба да се победи фашизмот на Заев.
Патетично е да не се признае дебелиот пораз во трката за градоначалнички и советнички места.
Со или без поразените мали партии и наброениве интелектуалци, ВМРО ќе си победи и во вториот круг. Но ќе остане горчливиот вкус во устата и податок за историјата дека кога имале шанса, застанале спротивно од оние што се борат за пад на фашизмот и режимот на Заев.

 

https://t.me/joinchat/ik3P5s8KqkEzOTJk

 

Миленко Неделковски

24.10.21 – Скопје