ПОПИС

Премиерот Никола Груевски одговарајќи на Собраниска седница на прашање на пратеничката Роза Топузова Каревска, рече:

“Имаме намера да спроведеме попис на населението во Македонија. Ги правиме сите напори да спроведеме попис според највисоки меѓународни стандарди, попис што нема да влее сомнеж кај никого, кај ниту една етничка заедница, кај ниту еден граѓанин, индивидуалец, политичка партија или кој било друг субјект“.

Дудунка, отвора дебата за тоа колку има МАКЕДОНЦИ, а колку жители од други етнички заедници во МАКЕДОНИЈА.

Да се потсетиме:

1. Последниот попис беше прекинат од ВЛАДАТА на Никола Груевски, затоа што етничките албанци сакаа попис да праат преку Скајп и Фејсбук. Со документи во фотокопии, без присаство во Македонија. Е, така нече мочи ове ночи.

2. Пред да започне тој неуспешен попис, од Брисел добивме директива како држава, пописот да е транспарентен и демократски, ама да ВНИМАВАМЕ АЛБАНЦИТЕ ДА СЕ НАЈМАЛКУ 25% !!!???

3. Последните изборни резултати, покажуваат дека албанците во Македонија се далеку под 20%.

4. Строгиот режим на поголемиот дел од Западно Европските држави за НЕДОЗВОЛУВАЊЕ ДВОЈНО ДРЖАВЈАНСТВО, ги приморува “нашите“ албанци да се решат помеѓу државјанство на швицарска, немачка, аустрија или државјанство на Македонија. Јасно е каков избор прават.

5. Секоја бројка, под процентот “загарантиран“ со Охридскиот рамковен договор, значи дека правата што ги носи тој договор, не важат за соодветната етничка заедница (вработување, двојазичност, министерства, директорување…).

6. Последниот попис на населението е изведен во есента 2002-ра, е под режимот на Бранко Црвенковски и Хари Костов. http://www.stat.gov.mk/Publikacii/knigaXIII.pdf Тоа беше влада што ги прифати ТЕРОРИСТИТЕ од УЧК, како партија ДУИ.

7. И референдумот за територијална поделба на Македонија со кој се алабнизираа Скопје, Тетово, Кичево, Дебар, Гостивар и Струга што заврши неуспешно е изведен во време на режимот на Хари Костов и агентот на ЦИА Силјан Аврамовски.

8. И пописот од 2002-ра и референдумот во 2004-та се под директно влијание на трауматични настани. Војната во 2001-ва и убиството на Трајковски 2004-та.

Доколку меѓународната заедница дозволи, уште поарно, доколку нашата Влада се избори да ги одбие притисоците и го имплементира софистицираниот начин на попис на населението, ДУДИНКА смета дека пребројувањето ќе покаже дека во МАКЕДОНИЈА нема повеќе од 16%, максимум 17% албанци. Доколку торбешите, ромите, бошњаците и слични кои од лукративни причини се пријавуваат како албанци, се вратат во своите етнички заедници, тогаш таа бројка може да е и под 15%.