ПЛАТЕНИТЕ УБИЈЦИ НА ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА

Со една недела задоцнување, за да се обезбеди сигурност и безбедност на тројцата сведоци и учесници во масакрот на Мајдан, го започнувам емитувањето на мини серијалот каде за злосторствата на организаторите на “шарената“ револуција, ќе говорт директни учесници.

И тоа, нема да говорат “обични“ учесници, ами платениците, платените убијци и снајперисти, кои биле ангажирани од Нуланд, Кличко, Шакашфили, “длабоката држава“, министри за надворешни работи на заинтересираните земји.

Сведоците се претставени со име и презиме, ранг и лик. Не се скриени, затемнети или слично.

Ова е прво нивно појавување во светски рамки, од масакрот на Мајдан што се случуваше од 18-ти до 23-ти февруари 2014-та.

На снајперистиве им било наредено да пукаат наизменично и во народот (толпата, цивилите…) и во регуларната полиција и во специјалната полиција БЕРКУТ. Целта била да се предизвика комплетен хаос.

Резултат: Над 200 загинати. Над 2.000 повредени. Над 250 исчезнати. Срушена легитимна власт. Држава расцепена на пола помеѓу она што остана од Украина и Новорусија (Доњецк, Луганск…). Отцепување на Крим.

Овие емисии на авторот Миленко Неделковски, продукцијата “Вондер Интернационал“ и емисијата “Милено Неделковски Шоу“ со помош на телевизии, кабелски телевизии, кабелски оператори, интернет телевизии и интернет портали вечерва ќе се емитува низ целиот свет (Австралија, Европа, САД, Канада, Русија, поранешни Советски републики, Скандинавија, Хрватска, Франција, Италија, Црна Гора..), веднаш по светската премиера што ќе биде во Македонија.

 

Скопје,

 

17.11.2017