Пичке Које Чуте

Пичке Које Чуте

„ПИ*КЕ КОЈИ ЧУТЕ“…

…Некој саркастично не спореди со индијанско племе и не нарече „Пичке који чуте“. Демек кога би биле индијанско племе таквото име најмногу би ни прилегало, со оглед на тоа што ни се случува, а ние молчиме ли молчиме…

…Во моите тинејџерски години имав прилика освен редовната, дополнително да ја читам и онаа друга лектира на „Лунов Магнус Стрип“и „Златна Стрип Серија“. И од таму, со индијанскиот речник кој беше застапен во авантурите на: Велики Блек; Загор Те-Неј; Текс Вилер, Командант Марк; Командант Мики; Марти Мистерија, да се обидам да одговорам зошто и дали „ПИЧКЕ КОЈИ ЧУТЕ“ „дали заиста чуте“ и „ако чуте, зашто толико чуте“?!

…Познатото племе ПИЧКЕ КОИ ЧУТЕ, ЧУТЕ, оти НЕМААТ ПОГЛАВИЦА(или поглавици)…
… ОНИ ЧУТЕ, оти нивниот поглавица и НАЈХРАБРИТЕ РАТНИЦИ од племето, некои таму БЛЕДОЛИКИ ги имаат заробено, а некои и поткупено. Им имаат поделено ВАТРЕНА ВОДА во изобилство како што тоа впрочем одсекогаш го правеле…
…Во минатото тоа славно племе имале свои поглавици, кои иако биле вооружени само со ЛАК, СТРЕЛА И ТОМАХАВК, јавале коњи без седла, сепак знаеле како да се спротивстават на БЛЕДОЛИКИТЕ СТРАНЦИ кои дошле да им ја окупираат земјата. Па многупати знаеле да извојуваат победи иако странците имале ГРМЕЧИ ШТАПОВИ т.е. ВИНЧЕСТЕРКИ…
…Но, ете дошле други, нови бледолики странци кои за да ги придобијат, почнале тоа да го прават со поткуп, велејки им дека ДОЛАЗЕ У МИРУ и овие наивни веднаш им понудиле ДА ПОПУШЕ ЛУЛУ МИРА…
…Во племето „Пичке Који Чуте“ сеуште има ХРАБРИ РАТНИЦИ. Имало и ке има. Но на почетокот реков: НЕМААТ ПОГЛАВИЦА (или поглавици)…
…За да племето престане да чути, потребно е да се свика САВЕТ СТАРАЦА, НАЈХРАБРИТЕ РАТНИЦИ во кои има не само мажи туку и ХРАБРИ СКВО, па заедно да ја осмислат битката и да ги поведат останатите племиња во одлучувачка битка налик на онаа кај ЛИТЛ БИГ ХОРН во 1876 година. Па ако сака нека го имаат и славниот Кастер за водач од другата страна, ке победат!
…Засега племето е разединето. Но ако се најдат мудри воини, КЕ ПОБЕДАТ! Ке победат затоа што ке се борат за слобода! Ке победат затоа што се побројни! Ке победат, затоа што правдата и МАНИТУ се на нивна страна!

 

Томислав Томе Јованов