Петре, да го преотвориме Бинго Вардар, а?

Петре, да го преотвориме Бинго Вардар, а?

Во “сетот“ идеи што граѓанството му ги дава на Петре Испичутура после интергалактичкото (израз на Б. Героски) пуштање на нова (а стара) автобуска постојка ги издвојувам оние:

  • Кенан да се врател на Плоштад.
  • Меѓуградска да се врат кај црквата Св. Димитрија.
  • “Селската“ да се врати карши  Гранд хотел.

Инспириран, еве и јас Миленко Неделковски, да дадам неколку идеички:

  • Холидеј Ин да се преименува по старо во Гранд Хотел.
  • Бест Вестерн во хотел Турист.
  • ТЦЦ Плаза на Стојменови да си го врати најстарото име Беко.
  • Да се возобноват подземните клозети карши Пивница (не ме интересира што е таму сега Мериот).
  • Да се отворат клозетите под мостот Гоце Делчев.
  • Саво Педерот пак да ја отвори кафаната што беше карши “Цреша“.
  • Да се отвори “Кошот кај Рамче“.
  • Да се отвори сендвичарата Камел.
  • Да се отвори кафаната “Кај Чоче“ во Дом на Градежниците.
  • Да станат од гроб Почу и Јоле.
  • Да се врати старото игралиште на КК Вардар со популарното име Гуец.
  • Уранија да си го врати старото име Тениско, и да му се врати на Славе Биљбиљ.
  • На Јанко Илковски да му се врати клупчето Алпино.
  • На Соме да му се даде дискотека.
  • Мене да ми се врати Бинго Вардар.
  • Да се отворат дискотеките Таверна, Турист и Мусандра.
  • Свирка во Олимписко да прави групата Пу.

 

Можам и понатака. Ама нема толку долг мандат да има.