Пандов кејс!

Пандов кејс!

Човек патриот не остана?!

Ова е отприлика “максимата” која се шири во општествениот дискурс како зараза. Е така, не дека не е вистина голем дел од тој резон, но…што тоа го лансираше во орбитата на “Борбата против северџистан” овој феномен или крилатица?

Веќе погодувате?
Пандов!
Кој Пандов, Македонецот до смрт, патриот до крај или превртач, гласник на ЛДПМНЕ, уште еден одродник и платеник на калето…ќе ми извините другите епитети се некако too much за мој вкус.
И така доаѓаме до методот ” Кога ужасно не ти се допаѓа новата вест убиј го гласникот”
Нејсе не е проблем еден човек +/- нас не предадоа илјадници, милиони. Не парафразирам или преувеличувам. Според отомански попис во 1898год. Покрај ” Сербча” и ” Булгарли” многу од каурите се изјасниле и како “Македонџа”. На крајот на пописот во отоманска ( етничка) Македонија било утврдено дека има околу 3,2 милиони Македонци??? Србите од 3,5 пораснале на 11 милиони, Бугарите од 3,3 на 10 милиони…а ние Македонците каде сме? Ваљда турците не биле човекојадци, не не изеле, не сме се иселиле сите во Австралија и Канада?
Да ви каже бато, сме станале Срби и Бугари, затоа денес ние сме 1,5 м, а тие се 10+.
Значи отстапништво и одродништво, поделеност и резигнација ни е традиција и културилошки белег.
Значи Пандов е уште еден одродник и кодош во милионите, и никому ништо? Дали е така?

Значи :
1) Пандов нема никаква функција во ДП*НЕ, ниту во ЦК, ИК, одбор…било каде ( колку мене што ми е познато)
2) Човекот никој не го прашува за ништо и не одлучил ништо : политички мерки, стратегија, изборна програма
3) Тој е аналитичар или да речам јавен резонатор …повеќепати се оградува ( јас така мислам, според мене, според моите сознанија) …никаде не сум слушнал да рече: ” Вака и така изгласавме” “Вчера јас предложив , а Мицко и ЦК го одобрија тоа и тоа”…значи нема!
4) А што има ? Само инсинуации, Менка и кажала на Ленка, од сигурни извори зошто така се одлучило , зошто Мицко му бил внук на Мицотакис…
5)Пандов само ни кажа како стојат работите во ЛДПМНЕ, како во државата и како во општеството воопшто. Мене лично не ми се допаѓа тоа што уште верува дека некој ( било кој од ЛДПМНЕ) ќе превземе било што, и било кога по темата Северџистан и штетни договори. Значи знаеме НЕМА НИКОГАШ ништо да превземат, толку енде. Но тоа е негово мислење, еден човек, еден глас толку.

Сметам дека ние Македонците си имаме многу по сериозна работа од препораките :”Миленко да го начекал со токмакот” или да го извреѓаме и излачиме “предавникот на делото” …аман
ТОЛКУ МАЛКУ ОСТАНАВМЕ.

PS . Тие што полагате ЛАЖНА надеж дека ДП*НЕ ќе се разбуди и постане ВМРО, само легална смена, преврат, промена на раководството….работете на Вонреден Конгрес.
Тие што сме #НиКуртоНиМурто… дај да се уозбилиме, помириме меѓу себе и да си ја вратиме Македонија, а картелите и нарко, рекет клановите…Идриз бања.
Бидете ми здрави, радостни и мир со вас.

 

Томче Ширков

Енд-оф-џануари-2020

Скопје