Падна Бахмут. Триумф на Вагнер.

Падна Бахмут. Триумф на Вагнер.

.

Вагнер го завзеде Бахмут

Оркестарот Вагнер го доведе до крај својот концерт, и знамето на Вагнер денес победнички е подигнато над Бахмут. Битката или кланицата за Бахмут траеше 224 денови, поточно од 8-ми октомври 2022 година кога Оркестарот Вагнер ја започна операцијата Бахмут.
Битката за Бахмут е нејжестоката битка од почетокот на Руско-Украинската војна, со огромни жртви од двете страни.
Операцијата Бахмут Вагнер ја започна со цел да и даде време на руската армија да се опорави после поразот под Харков, да се прегрупира, да се изврши делумна мобилизација и да се стабилизира линијата на фронтот. Битката за Бахмут ја водеа само единици на Вагнер, и 224 денови, јуришните единици на Вагнер метар по метар напредуваа во Бахмут.
Мора да се признае дека музичарите на Вагнер, но и нивните противници, украинските војници и платеници/доброволци се бореа достојно и храбро. Но воените команданти на Вагнер, се покажаа како поумни и поснаодливи, а припадниците на Вагнер со поголем морал и дух од украинската армија.

20.05.23