ОЈО тече ко менстурација

ОЈО тече ко менстурација

Срамота е ова што го правите вие во обвинителство!

Сра мо та.

До овој момент го штедев Јовески, не заради него ами заради респект кон неговата почината сопруга а моја голема другарка и соученичка Кети.

Го штедев и кога удираа по мене директно. Си викав ајде, нека тера на сметка на моето пријателство со неговата сооруга. Но, го претеравте бе гниди. Го претеравте.

Каква е денеска изјавата? Објавувањето документи било кривично дело?!?! Немој беее!!!

Вие би сакале НАРОДОТ да не знае кои се рекетарите? Вие сакате да ги скриете Заев, Шекеринска, Ременски… Вие сакате да манипулирате со вистината?

А кога се објавуваше за 27-ми тогаш беше НЕ КРИВИЧНО дело?

Кога ги дававте записниците и доказите на увид на ВАШИ новинари, тогаш тоа беше во ред?

Па, ако ништо друго, за 27-ми април, се изнатекоа, пре-претекоа, поплавија документи од ОЈО до провладините медиуми, телевизии, портали, весници… Пред да стигнат обвинетите на суд, се знаеше обвинение, докази, разговори па дури и пресуда. Заев знаеше однапред кој колку ќе лежи.

Со Шанац од насловна на Слободен печат и на други портали разбравме дека он прв ќе го јадел за говор на омраза, кон Тричко.

Ама, ааама ОЈО  и шефот на ОЈО Јовески тогаш молчеа!!! Гласот за “протекување” не допираше до него, впрочем како и гласот на ТендеРашко за цигани, односно на Заев за педери.

Тоа за нежното и осетливо увце на Јовески не беше говор на омраза! Роберт Пушинела Поповски дури додаде дека “сме биле луѓе”!!!

Демек Заев е “луѓе”, а ние сите други обвинети сме магариња?!

Тогаш Јовески беше глув или со упала на ушно каналче.

И за мене, минатата есен долго пред да биде покренато обвинение, најмалку 15 портали ги имаа деталите од обвинението и предвидената 5 годишна затворска казна.

Тоа го кажав на суд, ги прашав судијата и обвинителот од каде е протечно – си се праеа на ја-нисам-из-одавде.

Па, еве јавно да прашам, да ги прашам во ОЈО и Јовески пред се:

Нас, ГРАЃАНИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, кои работејки и плаќајки данок ги обезбедуваме вашите плати, канцеларии, ручкови, шофери, патувања, курчења НЕ’ ДЕЛИТЕ на ваши и НЕ ВАШИ?!

На различни? На оние кои смеат да користат протечени материјали од ваша страна и на оние кои не смеат?!

Имаат Јовески црногорците една: “Никоме није до зоре горјела”. Па така ни твојата, ни вашата.

Заев до пролет ќе си замине од премиерска функција. Доколку имателот на снимката го објави телефонскиот разговор Заев – Орце, заминувањето ќе биде порано и тоа директно во “хашката” соба кај Еско.

Вие во ОЈО, тие во СЈО, оние во Скопје 1 (Ѓолев, Кацарска, Димишкова…) – оставивте премногу зла крв за да ви продолжи кариерата и животот раат.

Затоа, еве додека имаш (имате) сила и власт УЗМИ ЦЕВКУ И РАБОТИ. Оти, после цевката ќе е во рацете на едни премногу лути и осветољубиви луѓе.

 

М. Неделковски

24.08.19

Скопје