Олгица Никола Трајковска

Олгица Никола Трајковска

 

 

КОЈ Е НАДЛЕЖЕН ДА  СКЛУЧУВА МЕЃУНАРОДНИ ДОГОВОРИ?

 

Произлегува дека сите овие ДЕЦЕНИИ: Труд, страдање, јад и чемер околу прашањето на ИМЕТО, всушност, произлегуваат од НЕУСТАВНО склучен Договор!

 

Според Уставот ( член 118 и 119), меѓународни договори, во име на Државата, склучува Претседателот на РМакедонија.

Воедно, со Уставот е утврдено дека и Владата на РМ може да склучува вакви договори, ако тоа е определено со закон.

 

Во законите што ја определуваат надлежноста на Владата на РМ нема одредба за определување надлежност на Владата во овој домен, ниту, уште помалку-определување на видовите договори што Владата може да ги склучува.

 

Ниту Уставот, ниту законите од 1991. наваму, во овој домен,  се променети.

РМ склучи низа меѓународни договори.

 

Во 1995 ја склучи и Времената спогодба со Грција околку Името.

Потписник е Стево Црвенковски, тогашен министер во Владата на РМ.

 

Пред некој  месец е склучен и Договорот за добрососедство со Бугарија, потпишан од Претседателот на Владата на РМ.

 

И двата договора (како и други) се ратификувани во Собранието на РМ! ( оној со Грција, се` уште не е ратификуван од РГрција).

 

Сега, по повод решавање на прашањето со Името, се наговестува нов договор со Р.Грција.

Неодминливо, а особено што од разговорите со Р.Грција, од македонска страна е исклучен Претседателот на РМ, инаку со уставна надлежност за оваа материја, се наметна ПРАШАЊЕТО- КОЈ, таков, евентуален договор би го СКЛУЧИЛ од името на РМ?!

Уставот е ЈАСЕН- тоа е Претседателот на РМ, а закон за ГЕНЕРАЛНО  овластување на Владата-НЕМА, ниту за Министерството за надворешни работи! (евентуално, можеби, во одделни закони во области од потесен карактер- социјала, спорт, култура, здравство, образование…)

 

Произлегува дека сите овие ДЕЦЕНИИ, страдање, јад и чемер околу прашањето на ИМЕТО, всушност е заснован на НЕУСТАВНО склучен договор!

 

Опасноста е што  дилетантизмот, неодговорноста и противуставноста на работата на Власта (ВЛАДАТА и СОБРАНИЕТО)  продолжуваат на најдрзок можен начин- на ШТЕТА на Македонија и Македонството!

 

Оттука, итрата Грција, знаејќи ја неуставноста на евентуалниот таков договор со РМ во кој потписник би била Владата, ДЕЦИДНО БАРА- содржината на договорот да биде ПРЕТОЧЕНА и ГАРАНТИРАНА во/со Уставот на РМакедонија!

 

За чудење е како, Претседателот го потпиша УКАЗОТ за ратификција на Договорот со Бугарија, кој што Тој требало, според Уставот да го склучи, а го склучила Владата?! Посебно,  што тој е професор на Правен Факултет!

 

Во контекст, за потенцирање е и аргументацијата на Коѕијас- зошто бара Уставни промени, а не само договор, е дека: Меѓународната судска практика потврдува дека договорите, доколу не се во унисон со националното законодавство – се дерогираат! Затоа што, според неа – националното законодавство, има СУПРЕМАЦИЈА над меѓународното!

Ете, човекот ни даде ПАТОКАЗ- дека и Времената спогодба со Грција може, на меѓународно ниво да се оспори- затоа што не е во согласност со УСТАВОТ на РМ! ( Кога веќе, нашиот Уствен суд,во 2008., како неоснована, а со немушто и нејасно образложение, ја отфрли Иницијативата на Светскиот македонски конгрес, за оспорување на уставноста на Спогодбата, по повеќе основи. )

 

Зошто нашите преговарачи и надлежни државни органи ништо не превзела на овој план, веројатно, и ТРЕБА, да  биде предмет на СУДСКА, кривично-првна разврска!

 

Напомена:

Уставното решение- дека покрај Претседателот, меѓународни договори може да склучува и Владата, доколку тоа е определено со закон, во својата суштина, е контрадикторно и опасно за функционирање на Државата и државната политика.

Имено, Претседателот има надлежност утврдена со УСТАВ,како највисок правен акт.

Ако со закон, може надлежности од Претседателот да се пренесат на Владата, произлегуа дека со ПОНИЗОК акт (закон) може да се ДЕРОГИРА –  УСТАВОТ!

Од друга страна, постои можност, дури, со таков закон, севкупната надлежност на Претседателот, да биде пренесена на Владата. Во тој случај, на Претседателот, во целост може да му биде одземена уставната надлежност!

Настрана, што, при вакво двојство, постои опасност- да се случува позитивна или негативна колизија на надлежностите меѓу Претседателот и Владата!

 

Олгица Никола Трајковска

(автор)

23.Март, 2018 г.