Одјеци и реаговања

Одјеци и реаговања

Во СФРЈ во весниците постоеше рубрика “Одјеци и реагивања” каде читателите ги пипуваа своите мислења.

Па еве сега, по повод вчерашниит “договор” кај Црево, Одјеци и реаговања.

Ценете сами што е во ред, а што не е:

-Никола Деков:

Значи цели 6 месеци треба да се убедува лицето Али А. , за да каже кој да биде на власт. Тежок човек у пм. 😀
Ами питајте го, шо има да а влечиме ваа толку.

-Цветин Чилиманов:

Баш убав именден ќе имам догодина.

-Игор Цветковски:

Во овој миг за следниве избори на кои нема долен праг-цензус

–Бојкот не е опција.
–Гласање за ВМРО-ДПМНЕ,СДСМ, ДУИ…не е опција.
–Учество на 10-на посебни, разединети, тн патриотиски групации не е опција за надеж.
–ЕУ и НАТО не се опција.
–Идеолошко двоење не е опција
–Апатија не е опција
–Кукање, сноуфлексизам не е опција
–Пораз не е опција

–Учеството е опција.
–Сплотеност на сите/речиси сите здруженија, групи, партиички, партиички во обид, поединци загрижени за македонизмот, правдата и развојот е опција
–Гласање за листа на кандидати за народни претставници произлезени од таквата сплотеност е единствена опција.
–Суверена Македонија за мултиполарен свет е опција.
–Поништувње на сите назаконски уставни измени и антимакедонски договори(преспа, бугарски, тирански…), јавни судски процеси против велепредавниците, избор на нови судии(иутавни) и создавње услови за нов устав-ново уставотворно собрание, е нашиот НЗС; опција.
–Создавање победничка атмосфера на така сплотените Македонци е опција без која не се може.
–Присуство на секое изборно место, на секоја кутија и со камерки, постојан притисок-набој дека победуваме, е клучна опција
–Победата е опција

Добитна е мантрава.
Ќе предлагаме изборни модели, измени во изборен законик, ќе нудиме идеи за доверливост во изборниот процес(камерки на сите места и пплус проверка преку отисок од прст), но и ништо да не прифатат, има да кажеме ако, има да учествуваме и да победиме !!!

Водно, преку црево-Стево порача–сите биле на една страна,евроатлантската, онаа поради која Македонија тоне до исчезнувње.
Значи народ вс естаблишмент. Ок.

-Златко Ковач:

ШТО ДА СЕ ПРАВИ ЗА ИЗБОРИТЕ

1). Земја без идентитет и достоинство само може да се распадне. Сведоци сме на тој процес денес.

2). Ако една партија нема цврст програмски став и ветување дека ќе го поништи Преспанскиот договор — но и другите анти-македонски договори (Бугарскиот и Тиранската) — не само што народот нема да ги гласа, туку ич нема да разговара со нив!

3). Ако ДПМНЕ го смени Заев/СДС и продолжи под било кој изговор да ги почитува нелегалните договори, тие не смениле ништо, туку ја убиле Македонија.

4). Флоскулата “Само Заев да падне па после се друго” е смислена од Западните центри. Заев е политички мртов, но Заев беше политички мртов и лани. Тој беше оставен во живот затоа што опозицијата беше уценета и конструктивна. Тоа значи дека проблемот е на друго ниво, а не само моменталиот пад на Заев.

5). Клучното е: Дали однапред ќе се заложат да го поништат Преспанскиот договор за да можеме во спротивно да бараме одговорност?!

Бегање од oва прашање е легализирање на “Северна” и вовед во распад на нацијата.

6). Народот мора да е свесен дека давање глас е важно не само за резултатот на денот на изборите за да се смени Заев, туку за сѐ што ќе се случува после 4 години, т.е. за тоа каква треба да биде пост-заевистичка Македонија.

Само со такво долгорочно размислување, наместо моментално (“cамо да падне Заев”), ќе можеме да имаме држава.

Народот е на крајот на трпението од пустошот што го остави СДС и сака да падне Заев но не сака да замени еден Северџан со друг и да се легализира “Северна”.

ИЗБОРНА МАТЕМАТИКА:

7). Во ДПМНЕ велат дека едвај можат да освојат 350.000 гласови.

– За споредба, на претседателските избори освоија 315.000 гласови во првиот круг и потоа излажаа 80.000 бојкотирачи откако дигнаа паника за цензус.

8). Бидејќи ја тераат истата приказна со СДС за членство во ЕУ и НАТО, ДПМНЕ тешко дека денес може да освои и 250.000 гласови. Постои апатија бидејќи народот виде дека се продадоа со 8 најкриминални пратеници — и тоа бадијала затоа што политиката на СДС крахираше.

9). Меѓу Македонците, ДПМНЕ води против СДС со 50.000-100.000 гласови. Меѓутоа, кога ќе се земат и не-Македонците во обзир, СДС води со 50.000 гласови.

10). Тука на ДПМНЕ му требаат патриотските гласови, бојкотирачите, и сите разочарани. НО ЗА ДА ГИ ДОБИЕ НИВ МИЦКОВСКИ ТРЕБА ЈАСНО ДА СЕ ИЗЈАСНИ ЗА ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР.

А Мицковски тоа не го прави. Напротив, вели му требаат 80 пратеници и Бадинтер за да го врати името. И рапидно губи поддршка и гласови.

11). За разлика од него, Заев ја задолжи земјата 10 генерации нанапред за да покачи плати, пензии, да поткупува итн. само да ги добие овие избори.

12. Патриотскиот блок е расцепкан (Родина, Движење Бојкотирам итн.). Меѓутоа, тој блок за кратко време може да се обедини со оглед на заедничката цел (Македонија) и важноста на ситуацијата.

13). Каква е можноста да се освојат пратенички места, но и да се лажираат изборите?

Овој пат нема да има побарување за цензус. Според најновата анкета на Маркет вижн (само тие погодија за претседателските избори), на 25% излезност еден пратеник ќе биде изгласан од 3.800-4.000 гласачи.

На 30% излезност, еден пратеник ќе биде избран со 4.500 гласови.

На излезност меѓу 40% и 50%, еден пратеник ќе биде избран со 6.000 гласови.

Заклучок: Или Мицковски ќе повика на сенародно сплотување против Преспанскиот (што не верувам бидејќи се договорени со СДС), или народот масовно ќе се обедини позади трета опција, или ќе мора повторно да бојкотира. Друга опција нема.

-Александар Пандов:

Ако говориме со боксерски речник, Заев е во класичен нокаут. Остануваат 74/5 дена народно одбројување до неговото конечно паѓање од тронот. Изборите ќе бидат чисто оверување од страна на народот, дека апашите, предавниците и криминалците се за во други институции, а не да ни ја водат Македонија во пропаст

-Владимир Панчевски:

Добро како ова паѓа влада, ама се договориле после 2 месеци да падне, чек нели ова беше најкриминалната и најкорумпираната влада во историја на Македонија и ти со договор ја оставаш уште 2 месеци на власт па после идеш со неа у техничка влада?! Немогуќе!

-Тања Каракамишева:

Ги гледав изјавите на сите лидери после средбата.

Забележав дека Села целата изјава му беше на македонски, додека Ахмети и натаму не кажува “а” на македонски јазик иако знам дека знае.

Време е за промени и во односот кон државотворниот народ и јазик.

Малцинските јазици ќе бидат почитувани согласно меѓународните стандарди!

-Бобан Нонковиќ:

Маме ви е*ам комунистичко, шо би рекол Пендико.

-Бранко Героски:

Не ми текнува на македонски политичар што поднел оставка на раководна функција и потоа да се вратил. Може некој да ме потсети?

-Васко Ефтов:

Gledam lugje koi tri godini gi nemase nikade sega pocnuvaat da izleguvaat od dupkite kade od strav bea napikani. Vo ocekuvanje da bidat raspisani novite izbori eve emisija za najgolemite partiski transferi od edna vo druga partija ili koj ima smeneto najmnogu partiski boi!

-Горан Андоновски:

Следува 7 месеци бедотија, лигавење, хвалопојки, кули од лажни ветувања и одвратен циркус….. Погадно од политичар не постои… Уништувачи на еден народ и една држава…

-Емилија Гелева:

За уплашените дека Зоќи (ќе се повампири политички, не дај боже) и ќе се врател и тоа со помош на меџународна

Заев е минато во секој случај. Засега се е според планот, се доцни горе доле 10-тина дена :). Само, есапите за голема победа на ВМРО-ДПМНЕ малку ќе бидат искомплицирани од помалите партии кои ќе се јават а ќе имаат силни прокламации за враќање на Македонија на Македонците, името, Уставот и напуштање на сите штетни договори. ВМРО-ДПМНЕ нема да може да оди под таа “црвена линија” ако сака голема победа. Тука ќе лежи клучот за голема победа на што, речиси извесно, западните поддржувачи на Мицко засега не сметаат.

Бидете спокојни, Зоќе е завршена работа, му дадоа само простор колку толку да не биде смртно посрамотен со давање оставка. Демек му се јавувале европски лидери Зоќе да не си дава оставка 😂. Вака, малку во ракавици ама го отфиќарија.

-Никола Груевски:

GRUEVSKI:ODLUKATA NA ZAEV ZA PREDVREMENI IZBORI – VO NEGOVI OCI E POSLEDNA “SLAMKA ZA SPAS”…
GOTOV E🐰

-Арсим Зеколи:

А Амди Бајрам мудро ќути …

-Лука Александров:

перхан не е наш претседател!
Тој има легитимитет од 23% од електоратот!
перхан е бојкотиран Од народот!

-Драги Дончевски:

Za ovaa li DJUKELETINA glasavte i za ovaa li selska DJUKELETINA ke glasate, sve najmilo davi ebam…

-Тина Македонија:

Најкористени зборови кај Македонците :
– Цена
– Амин
– Датум

-Мартин Толовски:

Прво да се врати Никола Груевски, па тек после избори.

-Горазд Росоклија:

ДАТУМСКО НАРАВОУЧЕНИЕ КОЕ Е БЕЗВРЕМЕНСКО

За национално предавство и привремено потиснување на македонското прашање, до приемот на Македонија во НАТО, бираш мизерни луѓе со криминален ум, а тие ќе одберат слични на себе соработници и ќе спроведат сѐ, без размислување за последиците, затоа што си избрал луѓе без морал, а тоа значи без совест.

Ги купуваш инсталирајќи ги да се власт и им дозволуваш да го пљачкаат сопствениот народ.

Но, таквата држава со таквите на власт, не ја каниш во твојот дом.

Не е до името, до вредносниот систем што го градиме е.

-Логан:

ПАДНА КУРТО
ДА ЖИВЕЕ МУРТО
!!!

-Христијан Мицкоски:

Одговорност ќе има за сите судии и обвинители кои прикривале политичари во „Рекет“

-Миленко Неделковски:

Мириса на концентрациона влада.

 

21.10.19

06.49 ч.

Македонија