Обечање лудом радовање

Обечање лудом радовање

Пред избори сме!

Сите се активни! Големи партии, мали партии, вонпарламентарни партии, неформални групи, странски организации, агентури, служби, цркви, бизнисмени, мешетари… Сите.

Нудат, лажат, манипулираат, мешетарат…

Кога би се собрале на куп сите ВЕТЕНИ пари што како понуда сум ги добивал од партии, групи, организации, бизнисмени, посредници, дијаспора – би можел по богатството да му конкуриран ако не на Бате Саше, барем на Бат‘ Вице.

Ама србите си имаат поговорка ОБЕЧАЊЕ, ЛУДОМ РАДОВАЊЕ.

Па бидејки сум не сум луд, а и не би сакал да се радувам на пари за разнебитување на државава, однапред кажувам ЏАБЕ ВЕЗЕТЕ.

А, кога би ги собрал сите оние што ме среќаваат или по електронски пат ме контактираат со зборовите браво, држ се брату, те следам, само тебе те читам и слично, би ја имал партија со најбројното членство во Македонија.

Ветувања, ветувања… Пари, позиции, материјални придобивки…

Ветувањата се далеку по богати, ако ги днесам и “моите“?! Демек Мирка, Бобан, Пандов, судијата Владимир, професорката Каракамишева…

Две работи да кажам:

Прво, нема пара и позиција што може да ме натера да свртам од 40 години долгата патека дека јас имам една мајка и една држава, а се вика МАКЕДОНИЈА. И дека имам само еден газда над себе, а тоа е МАКЕДОНСКИОТ НАРОД. Кога Миленко во рамките на СФРЈ се пробивал и застанала на врвот во таа држава, ама како МАКЕДОНСКИ БРЕНД, и кога во таа држава сум се борел и сум бил казнуван од тогашната владеачка гарнитура заради изразен национални, патриотски и националистички став – сите овие квази патриоти сега набутани по партии, комунакциони центри, општини…, тогаш сеуште се туркале од десното во левото маде на татка си, пробувајки да најдат излез кон јајниците, а не кон крајниците или анусот.

И, Второ, ставјки ги во “мои“ Мирка, Бобан, Пандов, Тања, Владимир им НАНЕСУВАТЕ навреда која тие патриоти не ја заслужуваат.

Имено, тоа се ликови со свој глас, стас и став…, па никаков Миленко не може да им направи мобилизација и да ги направи “свои“, како што и јас не можам да бидам “нивен“. Токму самостојноста, цврстината, индивидуалноста се квалитети што ги красат овие луѓе, нормално, покрај огромната количина родољубие и желба за борба за одбрана на својата татковина РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.

Така да, Александар Николовски може да лапа пари за превоз како и Мира “Дизел“, сите пратеници од сите партии да се богатат со патни трошоци не работејки ништо (односно продавајки ја државата), СДСМ може да ги исплати сите  шарени професори, адвокати, активсти…, СДСМ може преку СЈО и ЈО да ги подмити со стотици илјади евра судиите и обвинителите во сите инстанци – ама само МИЛЕНКО и “моите“ ќе останат забележани во историјата како неподмитливи, правоверни, достојни и истрајни на еден единствен курс наречен МАКЕДОНИЈА.

Секако, најголемиот дел од луѓето приматели на услуги од партиите и државата ќе си најдат оправдание (Апасиев дека му се платени професионалните услуги, но без да каже дека таков “правдољубив“ работел и бил плаќан од “институција“ која биле надвор од правто за кое се залага, била незаконска, криминална, рекетарска а пред се формирана спротивно на Уставот на РМ), или Ефтов кој вели дека го нема на ниту една листа за исплати (заборавајки дека за огромна плата од Партијата е поставен и година-и-пол толериран неговиот неуспех во телевизијата на ВМРО ДПМНЕ Алфа), и ред такви примери, ама БРИСЕЛСКАТА ТРОЈКА беше, останува и ќе биде репер за сите времиња како без партиска или државна финасиска помош човек може да се бори за својата држава, народ и за своите права.

Мирка го нема безбедносниот сертификат што го има Сашо Орданоски…, Бобан не  раководе со медиум како што им дадоа тоа да го прават вујко му Жоро, Пиже, Крамарска, Биљана Трендафилова, Емилија Гаврилова…, ни Миленко не стана амбасадор во Бразил, Англија или Унгарија како соросоидите и партиските превртачи Боцевски, Јанкуловски (Ватикан), музикантот Псалтиров (Казакстан), би-националниот и мулти-партискиот Еленовски, или Јован Донев (Лондон).

Зошто? Просто е, зато што не прифатија 9НИЕ НЕ ПРИФАТИВМЕ)  да одрбаотуваат за партија или лидер, сакаа да работат САМО за МАКЕДОНИЈА.

Нашето биолошко овоземско битисување е ограничено со биолошкиот часовник. Но мислата, идеата, делата, залагањата, визиите НЕ УМИРААТ.

Еве на пример, Мирка Велиновска скоро година дена не беше појавена во медиум со слика и тон, ама стравот кај политичката врхушка од неа, и почитувањето и респектт кај обичниот народ, останал непременето голем. Толку голем, што партските штабови ги уклучија таканаречените “филтри“ (тоа сега му го прават и на Ефтов) за вештачко намалување на бројката што ја покажува гледаноста на Јутјуб.

Но, бројката ќе ја смалиш. Влијанието и стравот – НЕ.

Така да останете си во вашиот стан во Скопје трошејки ги парите за патни трошоци на релација Охрид – Скопје – Охрид. Бидејки те пари ќе ги изедете и испиете, тие сепак крајно ќе се претворат во говна. Односно во она што во општествена смисла сте сите вие што ја опељешивте, испоганивте и продадовте државата, името, историјата и јазикот.

 

Миленко Неделковски

за Дудинка

Скопје, 01.12.19

12.23 ч.