Ноле на Австралија опен

Ноле на Австралија опен

Каква хистерија ја има зафатено Австралија поради присуството на #NovakDjokovic без вакцина тоа е чудо.
Мнозинството, кои се конструктивни, лојални и пред се комформисти се лути на Ѓоковиќ. Се чудам зошто му се лутат на Ѓоковиќ? Ѓоковиќ сам не си го даде правото да партиципира на #AustralianOpen. Австралиската влада во согласност со АТР, владата на Викторија, тениската асоцијација на Австралија и луѓето кои го организираат турнирот му го дадоа тоа право.
Е сега бидејќи во Австралија има толку многу овци кои не сакаат да си го срушат својот комфор, не ја укривуваат владата туку Ноле. Апсурд невиден! Работава не можат на магарето, ај на самарот!
Знам и разбирам дека се чувствуваат изиграни, предадени, продадени но чија вина е тоа? Во исто време забораваат, односно не им е галјле дека владата ќе има голем профит од учеството на Новак Ѓоковиќ на турнирот. Најмногу профит ќе направи преку вложувалниците (ТАВ), потоа од самите билети, од сите кои го посетиле тенис центарот и ги користеле услугите (ресторани, продажба на помоциски материјали итн), телевизиски реклами, гледаност на телевизија итн. Оваа одлука е чиста маркетинг стратегија како и угледот на Австралија во светот. Па светот не е само Австралија како што некои овде сакаат да мислат!
Најинтересно ќе биде ако и оваа година Новак им го земе трофејот! Му посакувам успех и победа на турнирот!
GO NOLE!

 

Билјана Антоска Стојанов