Не клекнувам да се извинам

Не клекнувам да се извинам

Колонијалните сили од средината и вторaта половина на минатиот милениум В. Британија, Франција, Холандија, Белгија, Шпанија, Португалија…, а како нивен главен наследник САД, се нациите и државите кој го измислија, упражњаваа и до максимум искористија робовладетелството. Робовладетелството е фашизам по дефиниција, каде имаш “убер” раса на владетели и оние “унтерменш” кои не се луѓе ами стока.

И сега, во 21-век, фудбалот на “Островот” ги малтретира сите низ светот да клекнуваат на колено пред утакмица како извинување кон робовите!!! Кон нивните робови, робовите на нив робовласници.

За тоа што тие заробувале, врзувале со ланци, препродавале и тргувале со луѓе, сега сите ние треба да се извинуваме!

Македонија, а и другите држави во регионов и пошироко, абер немале дека има црнци на планетава, а камо ли да знаат што се тоа робови.

“Круната” сега бара други да се извинуваат за нивните злодела каде сечеле дланки на мали дечиња (Леополд – Белгија) за да добијат кулинарски специјалитет, раздвојувале фамилии, бичевале, гореле на крст (ККК)…

Тоа го нарекуваат хуманизам. Но на “Црна” Африка, Абориџините, Индијанците во Северна, Централна и Јужна Америка никогаш не им се извинија, масакрите не ги признаа и обештетување не платија.

Кражбата на културните наследства на Асирија, Персија, Месопотамија, Картагена, Македонија, Египет ги опишуваат како заштита и конзервација на светското културно наследство.

Робовладетелството долго време било цивилизациска добивка.

Исто така и колонијализмот.

Ама сега остај тоа, Русија преместува војска и прави воени вежби на СВОЈА територија. Тоа е злосторство!!!

М. Неделковски

Скопје, 21.01.22