НЕДЕЛКОВСКИ

НЕДЕЛКОВСКИ

ОТКРОВЕНИЕ

 

Имав лани во мај еден текст под наслов “Кога тоа на Македонецот му било лесно“. Си стои тој текст сеуште, од збор до збор.

Живееме во времиња каде ние како граѓани заедно и секој од нас поединечно доживуваме revelation, откако 50-тина години отспавме низ комунизмот, а 25-години живеевме бајка низ независноста.

И ете, сега, доживуваме ОТКРОВЕНИЕ.

Ни станува јасно зошто Македонија никогаш не била рамноправен дел на геостратешките договори и поделби на Балканот, ами исклучиво била мени за малите соседи и големите сили. Нам сега ни станува јасно зошто Крушевската република траела само 10 дена, а Илинденското востание само едно лето. Ни станува на сите јасно зошто Македонија никогаш (од Александар наваму) немала единствен, апсолутен и долготраен лидер, а и кога имало некој со таков капацитет, му била отсекувана главата. Ете, сега е јасно, зошто “најмасовната“ организираност на отпорот против окупатрот била во тројки. Да, да – тројки, три луѓе а не дивизии!

Ете, се пополека ни стана јасно. Видовме на сопствена кожа, а не преку преданија за илинденците или партизаните. Видовме во реален живот а не низ историски книшки и музејски постановки или документарни филмови и играни серијали.

Ситуацијава во моментов колку и да е драматична, поразителна, ужасна – сепак не е нешто од што треба да се плашиме. Не е безизлезна – напротив. Не е нешто што ние како народ не сме го доживеале низ историјата. Не ни е прво искуство. Не сме љумфери во ова.

Сето ова е видено. Видено и поминато. Поминато и победено.

 

ЦРКВАТА

Атаците врз црквата, на пример. Србите ја сакаат под себе, а бугарите инсталирале импланти од типот на расколникот и развратник Партениј (ископувањата околу Бигорски можат да потврдат колку тела на новородени и абортирани суштества се закопани таму). Овдека е “современо“, односно ново, “ликот и делото“ на заштитникот на олигарсите струмичкиот Владика Наум (и кај неговите манастири распространето е чедоморството), човек кој се стави на страна на богаташите и оние кои оставија народија без работа и леб на улица, а влезе во служба на поробителот Џес Бејли. Наум со грчки пасош и државјанство и со имоти во Бугарија. Да, да тој Наум, со глисери, ролекси, најскапи ајфони, самсунзи и бесни возила.

Но, нашата црква видела и полошо од Наум, Партениј, Вранишковски или српските владици. Првата Христова црква во Европа на првиот народ во Европа што го примил Христа во себе, му беше одземена, украдена, отфикарена. Со години, со векови. Колку и да е тоа гротескно, требаше Тито да се појави за црковната неправда да се исправи.

Сите окупации на нашите цркви и манастири од српски, бугарски, грчки и цариградски свештени лица кои траеа со векови, со столетија, не успеаја да ја избришат вербата на Македонецот во својата Македонска вера и црква.

Така ќе биде и сега. Можеш да го имаш Партениј и неговото фрик монаштво, можеш да го имаш и Наум и неговите свињски угоени богаташи, можеш да го имаш и Заев што ќе потпише било што – ама црквата ќе си остане и биде наша. Оти црквата е во нас самите, така Христос вели.  Од нашите (моите) гради, срце, душа никој не може да ги отстрани. Не се родил таков Жан Митрев. Нема таква медицина. Нема ни да има.

 

ТЕРИТОРИЈАТА

Атаците на нашата територија не се од сега. Од после Александра наваму трајат. Општествено-државно уредување е апстрактна форма. Релативна и привремена. Ако на пример марсовци дојдат со свемирски брод во нашата орбита (доколку, нели, Земјата е топка), тие кога ќе не посматраат не можат да видат дека има граница помеѓу Северна и Јужна Кореа, помеѓу Канада и САД, помеѓу Македонија и Грција…

Или, пред само 100 години на планетава постоеле моќни држави што изгледале непобедиви и неуништиви, со цврсто бранети и утврдени граници а сега веќе не постојат: Австро-Унгарија, Руското царство, Отоманската империја, Папската држава, Британската империја… Биле, па сега ги нема. Или, пред тој период. Кој можел да замисли во време на Христа дека Римското царство ќе се распадне ко лајно на дожд?! Траело, траело и пред пет-и-пол века се распаднало.

Па така оваа “закана“ дека албанците и бугарите ќе ја поделеле Македонија на пола, дека ќе ја окупирале и слично, од историски аспект е пувеж у торнадо.

Македонија ја парчале, делеле, ја праеле “санстефанска“, “букурешка“, секаква – ама останала Македонија. Толку од тоа име и териоторија, и од овој народ пиреј, не можат да се откачат нашите сатрапи, што се откаажаа од првичната тактика да не‘ негираат, ами сега и тие се македонци, и нивните земји, патишта, аеродроми се Македонија. И Александар бил нивен. И, така…

Македонија е вечна. Тоа е вистината. Границите на кралството СХС, на Фашистичкото Бугарско кралство, на “социјалистичките републики“ – е времена, минлива работа.

Сме виделе вакви абдали и досега.

 

ИМЕТО

Е да, и името! Ќе го ни го менеле. Хартија трпи се‘, а името останува вечно. Никаква будала ко Божидар Димитров, никаков грчки абдал ниту сенилен старец ко Нимиц не можат да го избришат божјиот запис за светото име што го има овој свет народ.

Нимиц е под покровителство на ООН. Пред ООН постоеше Лига на народи. Па и таа ја нема. Исчезна. Сите исчезнуваат оти се вештачки, фиктвни творби. Остануваат само светите и вечни имиња. Тоа ООН не е, ама Македонија е.

 

ТРОЈКИТЕ – ОТПОРОТ

Сведоци сме дека отпор нема. Мала група на луѓе, не повеќе од неколку стотини повикувани од разлчни организатори излегуваат да “протестираат“. Првата грешка што ја прават организаторите е што велат дојдете на “мирен протест“. Знаете што, тие два збора не одат еден по друг. Тоа е тврда вода, челичен памук, одличен кецарош… Протест значи револт, несогласување, бунт – па со самото тоа не може да се нарача каков ќе биде. На пример “мирен“. Ебате протестот ако е мирен.

Ако е мирен протестот пред Собранието, собраните на улица по што се разликуваат од избраните во Собранието? И тие во Собранието, на кои фејсбучки им се лутиме, се за “мирно“ решавање преку глумење “moderate opposition“. Модерејт опозишн, модерејт протестер, поданичка влада – идеална држава за робовласникот Џес Бејли.

 

СКРОМНИОТ КАПАЦИТЕТ

И, на крајот за малиот капацитет а големи амбиции.

За некој, било кој, да докаже дека му е до Македонија, до јазикот, до црквата, до историјата, до државата – треба да покаже дека е достоен за тоа. Како? Па едноставно така што ќе покаже дека неговите политички амбиции и човечки желби нема да ги стави пред интересите на државата и народот. За жал, такви ликови нема. Ликови со потпросечен интелект и безгранични амбиции како Тодор Петров, Јанко Бачев, Владимир Голубовски и купишта други кои се “тепаат“ да се качат на бина да го заробат микрофонот и да го умрат народот со досаден, монтон и безличен говор, своите вечни амбиции да бидат “некој и нешто“ задолжително ги ставаат пред интересите на својот народ и држава. Тие и такви (ги има и пред и во Собранието) ниако да ја стават државата пред себе си. Никако и никогаш. Не знам дали разбираат или не (нивен проблем), но нивното инсистирање на појавување, “обраќање“ при секој обид за движење, протест или било што – му носат загарантирана пропаст на ивентот. Да не бидам и јас па наивен до крај, некои од тие тоа го праат како членови и службенци, односно соработници на полицијата и тајните служби.

Или, како што би констатрал еден простосмртен Македонец и постојан “протестант“: Ако сакаш нешто да не успее, викни го Тодор Петров.

Скромноста и самокритиката се одамна изумрени вредности на овие простори. “Ја па ја“ е современото мото.

И уште нешто. Ако се бара од Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ да освежат со нови луѓе во собранискиот состав, локалната самоуправа, органите на партијата – како тоа “надвор“ говорниците и повикувачите на промени остануваат исти?! Некако не им текнува да дадат пример со своето однесување. Но, не.  Сите да бидат сменети, само тие не.

 

И СЕА ШО?

И сеа нишо. Ниту лидер, ниту движење, нити преврат, ниту револуција не се купува во Тинекс, Рамстор или Веро. Го нема да се купи ни во Парндорф или Палманова.

Историјата покажува дека партии и лидери доаѓале и си заминувале. Останувале небитни во историска смисла. Само ретки останале вечни и по својата смрт.

Зошто? Затоа што биле романтичари а не прагматичари. Затоа што биле спремни да се жртвуваат себе си и се најмило околу себе за својата цел, народ и држава.

Македонија имаш шанса да добие таков национален лидер.  Но за жал, не доби.

Сега ќе чекаме “втора мајка“.

Од она што го има како понуда, таков лик не гледам. Се некои прагматичари. Ниту еден романтичар.


 

Поука од авторот:

Сите големи луѓе, мислители, водачи, интелектуалци инсистирале на тоа дека мора да се мечтее, да се чуствува, да се  верува. Никој од нив прагма не споменува.

Во “Quotes“ на Дудинка има неколку такви изјави на историски личности или познати реченици од филмски дела или книги:

Александар Македонски:  There is nothing impossible to him who will try.

Робин Худ: Raise and raise again, until lambs become lions

Гладијатор:  And I will have my vengeance, in this life or the next.

Боб Дилан:  Some people feel the rain. Others just get wet.

Силвестер Сталоне: Dreams cost nothing. They are free. The hard part is keeping them going.

Волт Дизни: All our dreams can come true, if we have the courage to pursue them.

Оскар Вајлд: A dreamer is one who can only find his way by moonlight, and his punishment is that he sees the dawn before the rest of the world.

 

И, на крај, мојата омилена:

All men dream, but not equally. Those who dream by night in the dusty recesses of their minds, wake in the day to find that it was vanity: but the dreamers of the day are dangerous men, for they may act on their dreams with open eyes, to make them possible.