На браникот на татковината

На браникот на татковината

Социјалистичката партија на Македонија, претчувстувајќи ги тешките предизвици што ќе следат, уште на почетокот на 2017 година ја понуди сеопфатната Платформа за заштита на македонските национални и државни интереси.
За жал изостанаа реакциите од политичките фактори, повеќето опседнати со обезбедување на собраниското мнозинство и испишување на одредени неразумни “гаранции”, со што тогаш не се исцртаа македонските црвени линии.
Денес, веројатно во последниот обид за сочувување на македонската посебност и достоинство, со Резолуцијата се предлага преговорите со Бугарија да се водат на рамноправна основа, македонскиот јазик и идентитет да имаат свој просторен и временски континуитет, да се почитува безусловно слободно изразената волја на македонскиот народ, македонскиот идентитет да го црпи својот легитимитет од повеќевековните традиции како и да се применуваат позитивните и општприфатени меѓународни конвенции и декларации на Обединетите нации за правотот на самоопределување.
Доколку за ДУИ Резолуцијата во предложената форма е неприфатлива и бара сите партии да го усогласат текстот и по него да се гласа, тогаш Социјалистичката партија на Македонија преку своите пратеници нема да го обезбеди тој замислен и лицемерен “консензус” и нема да прифати било какви условувања и уцени со некакви дополнувања или изоставувања во текстот, како што нема да биде дел од организираниот театар како дел од антимакедонското сценарио сред Собранието на Република Македонија.