Нада Кики Буцева

Нада Кики Буцева

OTВОРЕНО ДО ГОСПОДИНОТ ХРИСТИЈАМ МИЦКОСКИ
Г-не Мицкоски, сигурна сум дека вашата задача добиена од калето и нивните истомисленици е на членството на ВМРО-ДПМНЕ да им ја држете главата под вода и да им дозволите да дишат само толку за да не можат да претат, да не ја дигат главата и да не го кренат гласот.Вам и на вашиот раштиман оркестар од подпредседатели и заменици, ке ви верува народот само ако од утре престанете да се шетате по селата низ Македонија и сите заедно застанете на чело на колоната на протести и го поведете народот во борба до слобода.Се друго ве изедначува со предавниците од СДСМ и Албанските партии.Г-от Никола Груевски вака го лажеа три години странските гробари на Македонија се додека не потпиша се што бараа од него, а тој несвесно го лажеше народот, за на крај на сила да му ја земат власта и лидерската позиција.Навистина ли сте толку наивни, да не употребам друг збор, и не сте се изучиле од грешките па им верувате на истите гробари на Македонија? Или пак вие свесно го лажете народот?Како што одговарате на прашањата на лугето, зошто ЕУ и НАТО? ние не сакаме во такви унии и алијанси, вашиот одговор е, така мора да биде бидејки тие ке не вратат на власт. НА ВЛАСТ!? Значи се е само за власт, не и за Македонија и Македонците. Со кој народ ке владеете, во која држава, на кој јазик ке зборувате, или ништо не ви е свето и важно освен власта??? Во Скопје се одлучува за бришење на се Македонско, нема закон кој важи за сите еднакво, криминалци шетат по улиците, невин народ по затворите, малцинството го тероризира мнозинството-автохтониот народ, владее хаос, Македонија е окупирана и е протекторат на неколку странски амбасади, а вие шетате по селата и изигравате конструктивна опозиција.Знам дека политичарите немаат срам, грев, свест, но ако во вас останала трошка нешто човечко, оставете го народот сам да си го најде својот пат и без тоа е оставен сам на себе и не знае во кој правец да крене. Без вашето замајување барем ке е сигурен дека сам ке мора да се избори за своите права и својата слобода.Не му помагајте на овој напатен македонски народ со свесно лажење. СДСМ и нејзините Албански партнери јавно ја погребуват Македонија и Македонецот, а вие истото го правите само во завиена форма и во ракавици.Оставете ја Македонија да дише, доста ја „браневте„.Народот сам ке им пресуди на продавачите и предавниците на се што е Македонско. Овој народ не е глуп.Или бидете човек со јасен став, или одете си.Оваа ваша млака појава и изјавите на вашите подпредседатели, заменици, членови на ИК, само го иритира Македонецот, а од друга страна го дели на парчиња. Помина времето на покажување пирамида со прсти на рацете и гледање во небо.Денес е време да се погледне на земјата, на народот, време на борба за опстанок, на борба да бидеме тука, сега и засекогаш.
П.С. Не сум член на ниту една партија, само сум Македонка и си ја сакам Македонија!

Tолку од мене.