МУВАТА, КАПАТА…

МУВАТА, КАПАТА...

РАЗРОКА КЛЕОПАТРА
Кога медиумски манипулатори, стара комуњарска багра, лични пријатели (и профитери) на криминалните транзициони богаташи ќе се препознаат во текст каде што не се споменати по име и презиме, станува јасно дека се работи за луѓе што си знаат дека се препознатливи само по предавничката и платеничката улога што ја имаат. Си го знаат мислењето за себе што е зацементирано во народот.
Кога уредник на петпарачки весник во серија од своите неуспешни “шпицасти“ и “слободни“ проекти ќе ја гради уредничката политика и ќе ги штанца кавер сториите на сметка на една личност, станува јасен капацитетот на рибарскиот колега на Велија Рамковски. Нормално, таквата ненормалност ќе го води во зоната да претпоставува што и за кого некој сакал нешто да каже. Па од уредник што си мисли дека е, станува “Клеопатра“. “Среча ти лежи у кучи“ новинарството владее таму каде нема анализа, реалност, неутралност…
Не знам како “разроката фукара“, односно “разроки пријатељу“ како што инспиративно е нарекуван од Латас, дошол до заклучок на кого сум мислел во својот краток фејсбук пост, ама чудно е зошто не помислил дека “метакот“ би бил наменет за Боцевски, на пример? Па нели е тој јаничарот, превртливиот…
Кога за емисија која изобилуваше со говор на омраза со констатации: фашизам, тиранијата, фашист, диктатор…, кога за емисија која изобилуваше со дилетантизам, незнаење, погрешни проценки, манипулации, волунтаризам…, кога за таква емисија тема на дебата е нечив краток фејсбук статус, тогаш е јасно каде е болката. Агитпроповците што, колку лани, беа качени и распенавени на хаубата на Лада Нива не успеаја во својата трубадурска мисија да го изменат ставот на народот. Пет колумни неделно, 12 месеци годишно не се доволни ниту еден гласач да се префрли на страна на “омилениот лидер“. Сите пари на Сорос, на Штерјо, на странски амбасади не се доволни да се смени мислењето на народот за тоа кому му верува, а кому не. Сите насловни страници за: “кандидатурата на кум Ставре“, “кандидат што ќе помогне во менувањето на името“, “преговарање за консензуален кандидат“, “пензионерите што извисиле од покачувањето“ и слични кавер лаги, не помогнаа да се обликува народот и гласачите по теркот на рецидивите од комуњарскиот режим.
А, што се однесува до КУБУРОТ, народот (а и ја со него барабар) го вадиме веќе 9-ти изборен циклус по ред. Нормално, вклучително овие двојни избори во април. Кубурот во вид на пенкалце, со метак во облик на кругче со кое се заокружва опцијата која се смета за исправна, веќе 7 пати досега ги убива предавниците, лигушите, комуњарите, транзиционите богаташи, кумровечките школарци, сороспиите, непријателите на овој народ и држава.
Кубурот ќе го извадиме во недела, задутре. Тогаш ќе го испукаме и метакот. Потоа, тоа ќе го повториме на 27-ми април. Звукот на кубурот ќе биде гласен, погодокот многу ќе боли оти ќе го погоди егото на оние што си мислат дека се они во право, а нардот греши. Во недела уште еднаш ќе бидат отепани прогнозите на манипулаторите и антимакедонците.
Кубурот клетникот ќе го осети во недела.