Михајло Шарени, после ебење нема каење! Капиши?

Михајло Шарени, после ебење нема каење! Капиши?

Многу време се двоумев дали да ја објаснам замката ,,едно општество за сите,, или да ја доодмолчам до крај за да ја почувствува народот. Знам дека веќе народот ја чувствува замката поставена, многу се упецаа на тој момент затоа што стварно на прва делува сладуњаво и слободоумно но позади тоа се криеше или се крие монструозен план кој чекор по чекор се остварува.
Се навлекоа слободољубиви луѓе на кои им беше доста од национализми, па се налепија лукративци кога видоа муштерии за обработување… ТОП!
И ајде сега од почеток…
За да се изведе монструозен план мора да му дадеш на народот јаболко кое ќе биде отровно ама отровот да не делува одма туку да отстои и потоа да те скине.
Имавме револуција, шарена беше, супер беше, учествував и јас во тие протести за рушење на режим, не мавав со балончиња затоа што тоа не е мој стил ама приметив уште во старт дека само одбрани можеа тоа да го прават!
Многу чудно. Беа тоа симпатични некои девојки, дечки некои нешо, двајца Албанци за да се покаже нели здруженост некаква и тие беа опремени со тие балони нешо, со бои, за во понатамошниот развој да бидат ,,лидери,, па од истите да излезат понатаму политички активни ликови претходно спремени. Го видов тоа, не ми пречеше затоа што и така и така не сакав некакви афирмации јас па јас како некој лик или име и презиме, ми пречи тоа, секогаш делувам од позадина. Но секое одење набљудував што се случува на теренот.
Значи, овие си боеа.
Првите знаци на монструозниот план почнаа да ми се разјаснуваат со дефиницијата – граѓанките и граѓаните, терминологија која ја пласираше ЦИВИЛ. Ај си реков може онака кажано еднаш не е проблем. Кога увидов дека тоа нон стоп се повторува почна да ми станува јасно. Јасно ми беше дека се работи за ситуација во која целта е да се згазне на идентитетите. (знаеме во понатамошниот тек на нештата како ЦИВИЛ со челникот од таа организација отиде до борки и борци и не знам уште колку глупости ама веќе многу јасно за што се работи)…
Значи првично имаш протести против рушење режим, потоа имаш урушување на идентитетите на Македонскиот народ и сите етнички заедници. Одработено топ!
Се случија избори се искреира влада. Уа буа народ влезе во собрание револт страшен но еднонационален. Поттикнати од исто така купени средени пици пици лидери на тие протести каде што нивниот идеолог беше дома во папуча пред тв.
Каква грешка, едните навлечени на ,,едно општество за сите,, другите навлечени на еднонационален револт од кои се измислија потоа терористи и заглавија со ненормални казни затвор. Нормално виновни но далеку од терористи, затоа што да беше тоа така, по тој акт требаше да има едно 30 мртви пратеници кои пак нели одработуваа за идејата ,,едно општество за сите,,…
До тука сме јасни нели? Јасно е дека до тука таа мисија оди ТОП како таква, јасно да ви биде дека ден пред да се случи упадот во собрание и тоа тепањето таму ЗАЕВ беше известен од моја страна дека тоа ќе се случи преку неговата секретарка затоа што него не можев да го добијам а имав сознанија многу прецизни. Уставобранителите како што се денес наречени а изгледа од оваа гледна точка тоа и биле, беа наместени.
Е сеа, некој друг исто као и јас ја имал таа информација па ја пратил во ДУИ кои нормално си послушаа и си отшетаа од собранието најелегантно и немаше ниту еден повреден од нив.
Села го изеде најдолгиот стап заради наци дејствието, извини друже Села нема никогаш да можеш да испееш друга химна во собранието на Р.М. освен македонската, која и да е каква и да е. Ако не ти се свиџа можеш да си одиш од таму. Акт на револт е тоа, оди па испеј у Албанско собрание или во Косово Македонска химна па да видиш што ќе те снајде. Сепак е ова држава, има устав, има граници до каде може да се оди со лудилото. Се најде во лошо време на лошо место и ете жива среќа извлече жива глава фала богу.
Ама, наместо прекрасно нели мултикултурно општество, сите станавме ,,граѓани и граѓанки,, прво па потоа терминологијата да отиде во граѓани на Република Северна Македонија.
Не си ти веќе Албанец, немаш веќе историја, култура, јазикот ти е сега привремен како референца. Ти си граѓанин на РСМ!
Е каде е сега мултикулти моментот кога се сите граѓани на РСМ? Зошто сега графата за националност да ја има во пописот? Нема потреба! Ниту сум јас Македонец, ниту албанецот е Албанец, турчинот Турчин и да не набројувам… Можеш само да се осечаш како таков ама толку од тоа, завршена работа.
До тука е јасно нели? Плови проектот едно опШество за сите… Со сидрото де што напред влече. Млазно сидро. (замалку ќе опцуев ама ај реков нема пцуење или помалку пцуење оваа година)…
Значи, најголемата етничка заедница во РМ сега наседна на смешна глупост и не примети дека всушност сега се случува геноцид врз нив! Да, класичен геноцид, ставање во резерват со два договори каде што воопшто не се спомнати за постоечки Абанците во Македонија, опкружени со земји кои со години негуваат страшен анимозитет врз нив, грците заради Чемерија, Бугарите веќе 200 години наназад сонуваат да ги истребат, Србија на Север и Црна Гора боже ме сачувај од нив. Во Македонија одвоени природно со Албанија нели непроодноста од Шар Планина како планински венец… Резерват!
Дали е до тука јасно?
Македонецот со коси црти или тире во матична книга на родените штама, битно е да се заврши со тој тоалет папир некоја работа, незаинтересирани за судбоносното тире, заслепени од ,,дојдениот живот,, и оноа ЕУ кое живот значи…
Видовме колку ЕУ помогна на Хрватска сега по земјотресот. НУЛА ПОМОШ, луѓето во сред зима оставени на улица а тоа со силата на толку силната нели ЕУ можеше да се реши за неколку часа луѓето да се згрижени! Е да, добија ќебиња и вода. ТОП.
Е ај шо некако ќе влезеш во тоа ЕУ, ако воопшто влезеш во таа за мене сега апла фашистичка унија, тееешко да излезеш! За да излезеш те чека пекол. Види Англија како е напукана со санкции, со визен режим од денес.
Ама ај да се вратиме на ,,едно општество за сите,, па ,,граѓаните и граѓанките,, па имаш ,,борките и борците,, па ееееее не смееме да кажеме колку вакцини сме купиле од Фајзер затоа шо така не замолија да не кажуеме.
ГЕНОЦИД врз се што постои!!!…
До тука сме јасни нели? Има некој нешто да додаде? Знам дека нешто имам пропуштено…
Аааа Делчев. Не за Делчев до денес оваа власт (не го спомнувам ликот кој ќе биде притиснат во ќоше да го сретне погледот со мене иако ќе ми се блуе ќе издржам затоа што имам цел која ќе ја изработи и оро ќе игра), значи до ден денес оваа власт за Делчев дека е Бугарин е во право СЕ ДОДЕКА македонецот не ПОКАЖЕ дека Делчев е Македонец. Како да покаже? Лесно… Ако е Делчев Македонец, тогаш покажи делчевство бре!!! Немој да си полжав.
Мојата идеологија се базира на традиционализам во мулти културно општество! Што тоа значи? Тоа значи дека секој етникум кој живее овде да си ги негува своите традиции, да продолжи да биде тоа што е, да продолжи да си го негува јазикот, да УЧИ (не мислам да учи за да добие диплома од универзитет во Тетово туку да учи и да има знаење), Да биде оставен Македонскиот народ на раат и секој националист да биде затворен како поткопувач на државните вредности. Мојата цел е да ја испочитувам џамијата што ме буди во ниедно време иако понекогаш особено летно време го има оној момент на ориентот па е ок (оние што не сакаат таков момент не знам зошто одат во Турција на одмор), од другата страна не сакам да видам лик кој нема да ја испочитува Црквата и камбаните, секој да има право да си учи јазик каков што сака, ако не знаеш Македонски Јазик нема да можеш да се разбереш овде, нема да можеш да искомуницираш, исто како кога одиш во Германија и таму оооодма учиш Германски затоа што таму не е проблем да се научи за да се работи…
Сепак државата мора да има службен јазик а тоа е Македонскиот што е многу нормално а ете пожелно е да се знае и Албански како што јас разбирам од улица научено па не сум ништо помалку Македонец поради тоа.
Нема мулти култи во ,,едно општество за сите,, тоа од главите да си го избришете затоа што е превара.
Има доволно време да се исправат нештата, уште еднаш ќе повторам и ќе нагласам особено за албанците, поставена ви е замка која кога ќе штракне нема назад. Немој да се радувате што на некој знак пишува и на Албански јазик… Референца е како ФИРОМ. Све че то једног дана однети рузмарин, снегови и шаш… Капиш?

 

Михајло Мики Тодоровски

02.01.21