Мирка Велиновска

Мирка Велиновска

ЛАЗЕ КИТАНОВСКИ БЕШЕ ,,СПРИНТЕР,, ВО БРОЕЊЕ ГЛАСОВИ

Мојава генерација Македонци  го мина животот со комплекс на инфериорност што се претвори во самопонижување и неспособност да превземе нешто самостојно за да си го подобри својот и животот на своето семејство и својата заедница. Комплексот стана неизлечива болештина од која страда македонската политичко-експертска класа а го зарази и цел народ. Немањето самочувство се претвори во парализа и самоблокада за одважни дејства, слободно мислење, самопочит, солидарност  и автоимунитет. Заврши како монструозен заклучок  ЕДЕН Е ИЗБОРОТ И НЕМАМЕ АЛТЕРНАТИВА. Не сум слушнала ниту еден друг народ себе да се омаловажува така што си се самоименува во деминутив. И во секојдневен говор и во официјалното обраќање на нашите ,,водачи,, ние се чувствуваме како ,,македончиња,,. Политиките на Македонија го покажаа тоа во сиот тој период минат во Југославија  и како самостојна држава по нејзиниот распад. Се покажавме недостојни наследници на илинденската и онаа на нашите родители од Втората светска војна. Не е никакво чудо што стигнавме на ова дереџе- политичка група со нарушено душевно здравје да ја продава македонската историја, култура, јазик, традиции севкупна оставина. Иако наша транзиционо куративна мантра треба да биде ,,народе Македонски, со кави идеи си ти. Другите да те знаат сам да се незнаеш,,. Тоа е! Почва со народ која ги дала Филип, Александар, Аристотел, Јустинјан, Богумилите, глаголицата и кирилицата, републиканците од ВМРО, антифашистичките борци и АСНОМ, дозволи неколку стотини безумници вметнати во политиката и уште некоја илјадна безидентитетна аморфна маса одгледана низ курсеви како божем интелектуална авангарда, да не втурне во ништавило и автогеноцид.

А лекот го имаме. Погледнете ја само Америка. Онаа која страда од комплекс на виша вредност. Нивните црпки ја прогласија за ,,ексепшенел,,. И требаше само да дојде еден Трамп за да се отвори ширум најголемата светска септичка јама и нејзината реа да го покрие секое делче на планетава та и ние како и сите други поробени народи да се опулиме и освестиме. Раните избори во Ајова на пример уште еднаш ни покажаа дека Американците никогаш и немале слободни избори. Секогаш биле местени, фалсификувани. Иако тие преку своите амбасади ни држеа лекции и не учеа како да сме гласале. Колку пати по нивни инструкции како говеда дозволувавме да на прскаат со спрејови, да не чкртаат со фломастери, да не пребројуваат и сортираат. А видиш ти како цел свет ја виде американската напредна демократичност. Па бре, оној резил во Ајова каде три дена и ноќи најнапредната држава не може да ги изброи гласовите и да прогласи победник е причина за подигнато самочувство зашто ние во Македонија и во најлоша варијанта сме за десет класи над Американците. Кај нас, во најлош случај, како изборот за партиско водство во бившата СДСМ на пример, броењето и утврдувањето на победникот трае една ноќ. Покојниот Лазе Китановски, со помош на гардата бројачи на Миле Зечевиќ,  под команда на ,,папата,, Бранко Црвенковски, цела ноќ ги броеше рачно 700-те гласови на делегатите од една партија. Така Бучко стана ,,лидер,, а Рада ,,лузер,, Во т.н. албански политички блок гласањето е уште поекспедититвно и демкратско. Еден гласа за стомина, односно, има разработен модел на полнење на гласачки кутии  како што се полни буре со вода преку црево. Како и да е, нашиве следбеници на американската демократичност, мора деновиве да се запрепастени кога убидоа дека нивниот газда со суперсонична брзина  ескалира во демократијата. Во Ајова беше соопштено фактички дека веќе нема потреба да се мрцвари суверениот народ на избори. Најдемократски да ти било изборите да се приватизираат. Како? Па така бе што победата ќе си ја купи некој милјардер. Како Блумберг на пример. Нема потреба од делење стограма кафе, частење сендвичи, дарување со вреќи брашно и ориз, бугарски возови и слично. Фркнеш топтан пари на едно место и си победил. А ти ако си будала оди на такви да им се клањаш.

Оваа благонадежна слика деновиве сигурно пред очи ја гледаат Фрле и Сашо Ордановски. Оти тие одамна имаат соопштено јавно дека народот фактички ја оневозможува дрмократијата зашто не дава да се спроведува саглам политика. Демек, што знае говедо што е политика. Со други зборови, народот  им смета на дегениве да развиеле скурдепсана политика. Небаре некој некогаш ги  сметал за автохтони интелигенти кои гледаат подалеку од интересите на нивните робосопственички газди. Тие дечки со години беа дрилувани и дрндани за да дојдат до овој степен на ,,генијалност,,. Од тоа бројлерско дувло доаѓа секоја ,,промена,, што не снајде во независна Македонија. Патот во 1990 година ни го трасираше цијашкиот агент Боб кој го сними теренот глумејќи пијаница. Јас сум еден од сведоците за тоа како почна ова срање затоа и толку упорно и гневно пишувам и зборувам со децении. Тој ја направи листата на авангардисти и потенцијални водачи со која уште се давиме.  Е, па, кога знаеме сега непобитно кој и како ја растураше државава и кој го издупи народов, знаеме и од каде треба да заигра метлата и прашилката. Демократија без народ, држава без идентитет, политика без саглам човеци, население без самочувство и самосвојност не постои.

Америка како и ЕУ не се правци во кои треба да гледаме ориентир. Не се исправен компас туку повеќе знаци за предупредување дека постои опасност од пад во провалија, одрон на земја или снежна лавина. Ова посебно важи за курсистите од албанскиот политикантско-мафијашки блок кои се заглавени во ЦИА операциите плус длабоко нарушени суштества како Фрчко, Милчин  и нивните безмозочни ,,дисајплс,, како и оние со тенко бабуле и мекотел карактер како Геро кои извршуваат команди без да мислат или прашаат. Мора дури и тие да ја виделе судбината на Курдите, муџахедините, ал каеда и ИСИЛ. Гледаат и како сега се разголи позадината на сите фингирани напади со биолошко оружје,  имплементирани епидемии со вируси кои волшебно исчезнуваат (кравјо лудило, свински грип па птичји грип, сарс, ебола и сега корона вирус) со масовни наменски инсценирани труења со гас во Ирак, па Сирија, а првично како лабораториски експеримент на мал примерок во 1997 година во Македонија. Не ги заборавајте божемните масовни труења на ученици Албанци на екскурзии кои  ги истражуваше ООН, а чии симптоми не беа ни објаснети ни разјаснети и завршуваа без видливи последици. Како еднократна волшебна операција со длабоки политички последици. Како што набрзо ќе ја види својата судбина и Црпко и сите негови помошници. Добро, тој не ни може било што да види, ама оние троа поопулени итроманци околу него ќе му го посочат венецуеланскиот еквивалент Гваидо кој лебди во безвоздушен простор како неупотребливо гомно. Немаат многу време за учење ни овие постмодерни ,,северџански,, вмровци без политички и идеолошки и национален идентитет кои како и американскиве ,,демократи,, пред да истрчаат на избори се прогласуваат за сигурни победници. Моментумот на играта со Курто и Мурто пројде. Народите на светот ја прозреа шашмата на трикот за глумење повеќепартијност скоцкана во легендарниот опис на воената фингерајка од босанскиот војник ,,ми их као нападамо а они се као бране,,. И видиш ти ,,чудо,, сите народи да ти биле исти – нормални и умни. Македонците такуѓере. Сите нормални сакаат нешто ново, различно, за од опипливата различност да избираат она што повеќе им пасува на нивните интереси. Времето на слепа вљубеност кон политичари заврши. Никој не им верува на збор. Се бараат дела, се вреднува карактер и интегритет. Очите се ширум отворени, ушите сензитивни и на шепот, чакрите одблокирани, информации течат од сите страни и како незагадени извори се слеваат во персоналниот компјутер со кој се раѓа секој човек. На луѓето веќе не им ни требаат толкувачи експертутки ниту божемни новинари кои може секој да ги корумпира.

Се почнува со самодоверба, самопочит, самопрепознавање, самосвојност!

М.Велиновска

 

07.02.20

Скопје