Крум Велков

Крум Велков

НЕ СМЕ СЛЕПИ
(неуспешна провокација)

Не успеав да отпатувам на протестот во Скопје вчера, но видов се што треба: протестот беше под силен обид за саботажа со комплетно сценарио за таа намена. Иницијатор: непланиран говорник, кој можеби смета дека прави добро, подбуцнат од “структури” околу него. Особено “читливи” се вулгарните дофрлања кон говорничката, која се обиде да го сопре.

Која служба и дали само една учествувала во обидот за саботажа – ќе видиме. Претпоставувам се е снимено. Исто така, видов дека оние кои го “чуваа” падобранецот на говорницата беа завиткани со национални знамиња (сонцето од Кутлеш, кое многу си го сакам, патем), што само ја потврдува мојата, и не само мојата теза, дека не секој што ќе облече гаќи со апликација на тоа сонце е и добронамерен, или најголем, та единствен вистински патриот. Чувајте се од тие тапанари, особено вие искрените патриоти, кои често лесно се заведувате од високоемоционални национални пароли. Агентурите наголемо виреат во такви средини, покрај останатите, а честитите луѓе и патриоти им служат за покритие. И тоа не се однесува само за Македонците. Верувам дека веќе научивте нешто од тие трикови за почетници.

Затоа на овие протести не треба да има национален набој, туку граѓански, а најточно општочовечки, бидејќи треба да дојдат сите националности (тоа веќе се случува), и тоа ќе биде нивната најголема сила, а токму од такво заедништво најмногу се плашат структурите кои три децении не делат со поттикнат антагонизам и омраза меѓу нас. Воедно пљачкосувајќи не.

Исто така, на дело се пуштени и едно чудо платени провокатори (не баш интелигентни) кои таргетираат истакнати “антиваксери” по социјалните мрежи или сејат хаос. Но, неуспешни се.

Сето ова всушност покажува колку е силен ударот што го примија во неделата и колкав е меѓунационалниот потенцијал на отпорот. Го искористија неискуството на младите организатори за да предизвикаат инцидент. Цел: да се одврати народот од вакви слободарски протести. Но не сме слепи, се се гледа, граѓаните веќе знаат за овие методи и затоа фашизоидите ќе си добијат контраефект. Сето ова треба уште повеќе да мотивира. Што си мислевме, дека структурите зад ковид-фашизмот ќе ни фрлаат цвеќиња на протести?

Има слободни луѓе, многу. Младиот Албанец кој излезе на говорница по инцидентот ги кажа вистинските зборови (види видео во коментар) и е еден од гарантите дека и овој протест беше успешен, и покрај се. И дека има надеж за сите нас.
……………….

ЗАБЕЛЕШКА: Отсега, сите вулгарни, брутални, нахални, шовинистички и злонамерни провокаторски коментари на моите постови ќе бидат бришени без предупредување. Партиски пропаганди, спинови и манипулативно извртување на тези исто така. Лажните профили, ботови и тролови ќе бидат блокирани.

 

К. Велков

Струмица, 20 Сеп. 2021