КРОТКОЕБЕЦОТ од ЕУ

“Не им верувај на Данајците и подароци кога ти носат“, e фраза која својата вистинска тежина за нас Македонците може да се согледа во формата презентирана на англиски јазик. На англиски, вака тоа гласи и вакво објаснување има:

———————————————————————————————

What’s the meaning of the phrase ‘Beware of Greeks bearing gifts’?

Don’t trust your enemies.

—————————————————————————————-

Значи, не им верувај на СВОИТЕ НЕПРИЈАТЕЛИ, односно на ГРЦИТЕ, дури и подароци кога ти носат.

Тројанскиот коњ, минатава недела беше коњ од Марибор, односно од Словенија, а се вика Иво Вајгл.

Овој бечки коњушар дојде да ни подметне уште еден чекор кон наше конечно обезименување, обезличување, уништување.

Вавилонската курва овој пат се решила да прати кадар кој ќе проба да ги протне своите планови со стратегија на кроткоебец.

Дојде кроткоебецов да понуди “Дијалог за важни прашања“. А, овие “важни“ прашања да ти биле: 1. Процедурите во Собранието; 2. Етичкиот кодекс; и 3. Владеење на правото!!!

Она за што беше дојден, односно  име тоа-оноа, не го ни спомена. Прво да ни го навлече, па после. Како вицот што толку духовто го кажа Тони Шанац, за волкот што бил ептен фин и учтив, па пред да ти го бапне во шумата, од позади на уво со секси баршунаст баритон ти вели: Добро вечер.

“Важниве“ прашања по скопски се викаат “Свира курцу за мале паре“.

Прво, “владеењето на правото“! Па нели “дојде живот“. Нели “криминалците“ ги процесуира СЈО? Нели нема веќе “сваровски судство и судии“? Нели од сега натаму све мед и млеко?! Нели полицијата и Спасовски биле професионални и безгрешни? Нели изборите биле демократски и ненасилни?

Од каде бе сега ова со “владеење на правото“!?

Потоа, “етички кодекс“?! Брејјјјј, оние што неетички пееја химна на Албанија во Македонски Парламент, оние што неетички гласаа надвор од процедура со две раце (принцип: еден човек – два гласа), оние што снимаа нелегално (значи кримнално) – е, они сега за “етички кодекс“?! Која етика, бе? Од кого етика? Од ЕУ? Од оние што отцепувањето на Косово го признаваат, а она на Крим – не? Оние што референдумот на Косово го признаваат, а на Каталонија – не?! Која етика, бе, морону Мариборски?

И, тука е и точката за “процедурите во Собранието“?! Што има тука врска опозицијата? Има собраниски спикер (нелегално избран и назначен) и има собраниска процедура. И таа собранискиот спикер ја спроведува или не. И, толку. Што има врска куќата на Моне со ова?!

Велам, КРОТКОЕБЕЦ.

Како ги гледам работата со КРОТКОЕБЕЦОТ, бечкиот коњушар од Марибор.

Прво, Вајгел нека си оди назад дома да утврди кои словенечки комуњари, чив наследник е тој самиот, го направиле масакрот во Худа Јама.

Второ, нека организира сеанси за владеење на правото, етички кодекс и слично со членовите на бугарскиот фашистички парламент кој не признава МАКЕДОНСКО малцинство. Поголема не-етика и фашизам тешко е дека има. Не признвање на народ или малцинство по дефиниција е ФАШИЗАМ. Истата точка на дневен ред, МАКЕДОНСКО малцинство, ќе треба да ја направи во куќата на ЖАн Моне и со фашистичкиот парламент од Атина, а и со парламентот на Албанија.

Па дури после да дојде да изиграва кроткоебец во Македонија.

И трето, Иво Вајгел дојде во Македонија за ДА МУ СЕ МОЛИ НА ВМРО да дојде во Париз.

Вајгел и неговите шефови, скоската марионестка влада и нивниот шеф Џес Бејли, знаат дека ништо не бива со оваа и ваква власт, каква што сега има во Македонија. Оти ниту едно решение не е легално и нема да е прифатено од народот.

Затоа на шефовите на кроткоебецот и на “Џокерот“ од Кале им треба ВМРО ДПМНЕ.

ВМРО ДПМНЕ, ваков, таков…, разнишан, нокаутиран, грогиран – сепак е ВМРО. Сила. Народна сила.

Затоа е Вајгел тука. Да попуши колку што е можно повеќе, за да ја навлече и вовлече ВМРО ДПМНЕ во консензуално решение за името и иднетитетот.

Секако, тој се и сешто ќе ветува. Укинување на СЈО, враќање пасоши, па дури и техничка влада со учество на ВМРО ДПМНЕ. Но, погоре во текстот стои НЕ ИМ ВЕРУВАЈ НА НЕПРИЈАТЕЛИТЕ ДУРИ И ПОДАРОЦИ КОГА ТИ НОСАТ.

ВМРО ДПМНЕ е јасен. Раководствот сака да оди на избори. Верува во својата популарност и својот народ. Што се однесува до овој момент, тие и понатаму се со крстот на чело. Со девизата “Народот ќе одлучи“. И понатаму се наивни.

ВМРО ДПМНЕ во крајна мера може и да ги оствари овие свои желби, да се оди на предвремени избори. Дури и да не прави Влајко испитување на јавното мнение, јасно е дека народот ќе гласа за ВМРО, а против овие имбецили од типот на Ајро-Ајро или бруто-нето-Данска. Нови избори сака и народот, тоа е неспорно. Нови избори не сакаат соросоидите и невладинте што станаа владини. Нови избори не сака Цацко, Коко, Амон Сра, Ѓунер, Грчев, Анѓушев… Се плашат тие од народот. Извадени се од памет. Затоа дејствуваа со единиците на ЕБР за време на локалните избори.

Но, ВМРО ДПМНЕ и да се испазари да има нови избори, најголема е веројатноста дека повторно ќе биде испоукраден, како што беше и на 11-ти декември лани и на 15-ти октомври оваа година.

ВМРО ДПМНЕ го знае ова. Го знае многу добро. ВМРО ДПМНЕ е наивен, ама не до толку. Затоа бара “Пржински“ модел. Односно техничка влада за спроведување на избори каде министер за внатрешни ќе е кадар на ВМРО ДПМНЕ. Јас одма имам предлог – Сашо Мијалков. И, како и во случајот со СДСМ, не 100 дена пред избори, ами половина година и повеќе пред избори да биде така. Министер за труд и социјала, заменици во земјоделство и финасии… Најсмешно би ми било да гледам како заменик на бруто-нето-Данска му е Зоран Ставревски. И, да не се прифаќа одбивање во стил на “Мијалков има кривична“, оти кривични еден куп ги имаше и Црпко, па ништо не пречеше.

Но, пак велам, се плашам дека ВМРО ДПМНЕ повторно ќе биде наместен.

Последниве избори беа со сите параметри на избори во некоја централно африканска држава. Наоружани до заби специјалци кои не дозволуваат гласање на симпатизерите на ВМРО ДПМНЕ, пари со вреќи во циганските маала, замижување со две очи на ОБСЕ и ОДИХР, перење пари од Африка и Азија како мито за газдата на МОСТ, печатница како партиски сдсмовски огранок, ливчиња од други општини во избирачки кутии каде не им е место, присуство на Бејли Џокер на избирачко место…

Тие избори беа се само не по “Собраниска процедура“, не беа “етички“ и секако не “владееше правото“.

Веќе пишав во предхдните колумни. “Мекиот стомак“, проблемот со фашистичкиот план на Бејли и Брисел е не-присуството на ВМРО ДПМНЕ во Париз. Без оваа партија, застапник на интересите на Македонскиот народ, не можат да ја остварат својата агенда. За верификација им треба потпис од лидерот на ВМРО ДПМНЕ.

ВМРО ДПМНЕ и Никола Груевски добија златна шанса, кец од ракав, да се вратат на преговарачката маса во полна сила. Да бидат равноправни, ако не и со голема предност. Треба да ја искористат несигурноста на “меѓународниот фактор“, кој стартните преговори ги прави со Илија Димовски. Значи ниту со сегашниот, ниту со некои од самопрокламираните идни лидери…

Со права стратегија на оваа “Жан Моне“ партија Америкен (најбољиот покер, не овој Холдем), со оваа шанса која му се појави на Груевски и ВМРО ДПМНЕ, со оваа бара во која е потоната “задолжничката“ (не е грешка, не е заложничка, ами заДОЛжничка) влада на Црпко Муртински, со овој под-лимит капацитет на инсталираната соросоидна админситрација и советници, со надрканоста која е огромна кај народот – имаме златна шанса да го поразиме фашистичкиот окупатор.

Мала дигресија: Во последниов месец дена, низ цела Македонија, на слави, свадби, венчавки, крштевки, парастоси, задушница, на пазар – секаде се повторува истата реченица искажана од простосмртниот народ. Велат “не ми се верува дека може да има ваков пораз. Кај мене дома сите гласаме од секогаш за ВМРО. Не гледам по комшииве кој би гласал за СДС? Не е можен ваков резултат“. Така да, народот е свесен дека е испоукраден. Безобразно и криминално украден од домашни и белосветски апаши.

Заради сознанието од оваа мала дигресија, ВМРО ДПМНЕ и Никола Груевски, а не некој лидер препознаен во три точки, во моментов со итра партија политички шах може на нас народот да ни ја врати гордоста, перспективата, државата.

ВМРО ДПМНЕ ваков или таков, е единствениот општествен и политички субјект околу кој се собира Македонскиот народ. Нема друга опција. И подолго време нема да ја има.

Кога сум веќе кај старите поговорки, еве уште една: Хик Родос – хик салта. Односно, на англиски:

————————————–

hic Rhodushic salta

  1. (politics) Prove what you can do, here and now.

…………………………………………

 

На Македонија нов Охридски или Пржински не и треба. Но, на Македонците им требаат нови избори. Но избори демократски, а не организирани од сегашнава диктаторска и фашистичка власт. Нови избори, каде ќе биде искажана волјата на народот. Слободно и демократски.

 

 

Миленко Неделковски

Скопје 12.11.2017

05.42 h.