Ко би реко, чуда да се десе…

Ко би реко, чуда да се десе...

Кога би можело се‘ што ќе посакаме и се‘ што ке помислиме да се оствари, тогаш би живееле во рајот. Лично сметам, дека кога би било така би било и супер досадно.

Да замислиме на микро ниво! Во рамките на семејсвото. Само 4 члена, од кои два се малолетни, или тинејџери на пат кон полнолетност. Плус петти член, бабата.
Во рамките на тие 5-мина ептен свои, не може човек да постигне се‘ што сака и помисли да му се оствари. Бабата мрчи, жената не те слуша, на децата им е досадно.

На макро ниво, тоа е милјарда пати потешко. Луѓе, маса, притисоци, условувања, уцени, интереси, задкулисни игри…

Затоа, сериозен пристап на сериозен човек, подразбира да се направи анализа на ситуацијата и проценка на возможното.

Најнапред, треба да се постави целта која се сака да биде постигната.

Нашата цел е ослободување од фашистичкиот режим на Зоран Заев и враќање на загубените позиции заради Букурештански, Охридски, Пржински, Бугарски Тирански, Преспански и каков се уште не штетен договор по Македонците.

Потоа треба да се проценат условите во кои борбата се одвива.
Дали имаме сограѓани од друга националност и вероисповест кои ги споделуваат истите цели со нас – НЕ. Дали имаме некој сосед што ги споделува нашите цели – НЕ. Дали има светска голема (па и средна, дури и мала…) сила која застанува зад нас и нашите цели – НЕ. Дали имаме силна, економски потентна и иделошки монолитна дијаспора која би финасирала порадикален пристап во остварувањето на целите – НЕ. Дали имаме црква која ги брани нашите национални интереси и која ќе не собере под своја закрила – НЕ.

Следно е, треба да се видат кадрите со кои располагаме.
Бранко и Киро го предадоа знамето и името, Бранко го опљачка народот преку приватизацијата, ЉуБчо и Борис ја предадоа држават со потпишување на Охридската капитулација, Бучко ја предаде локалната самоупрва на белокапците, Хари уцвика, Никола потпиша капитулација пред СДСМ со Пржинскиот договор, Зоран Заев испораздаде се што е Македонско, што е идентитетско и што е фундамент за постоење на еден народ.

Е тогаш, што имаме?
Имаме многу малку, и од тоа треба да се почне.

Во моментов социјалните мрежи вријат од хаштаг патриоти кои кажуваат и советваат што се‘ треба да се направи, а самите тие дома во кругот на 4-члената фамилја плус бабата, не можат да изнајдат решенија и за наједноставни проблеми! На пример кој прв да користи купатило наутро.

СДС одржа конгрес, избра некоја будала таму што има надимак Мисир и Ќурка, во секој случај некое домашно пернато живинче. Продолжена рака на фашистот Заев.

ВМРО ДПМНЕ исто имаше конгрес, само што досегашниот лидер си го продолжи мандатот.

Да потсетам, ВМРО од Никола Груевски пред 4 години беше оставена со блокирна сметка, замрзнат имот, празен сеф (и малиот, но и големиот од кој клуч имал само Никола), загубени локални избори, судски обвиненија против партијата и партиски членови и функционери, меѓународно изолирана, на граница да биде прогласена за терористичка организација и да биде забранета.

По 4 години имаме подмладена, финансиски потентна и меѓународно прифатена партија која на локалните избори пред месец дена го здроби СДС.

Толку се можело.
А, ако некој знаел и можел повеќе ( некој Бунтур, Лимунада, Филипчо, Хефталица,Палчо, Косица, Нокте, Комшија, Смрт, Шиптар, родини, реформатори, интегри, дркотирачи и слични) требал да покаже. Но такво нешто нема. Има само дебакл на локалните избори што за градоначалници, што за советници.

Дали речникот на Мицкоски, формирањето комплицирани и недоволно јасни сентенци, големото знаме на ЕУ, неприсуството на знамето од Кутлеш, раководните кадри на партијата, членовите “конгресмени“, пораките за заедничко општество – поединечно ни се допаѓаат или не, е проблемот на 4-членото семесјтво плус бабата.
Тоа е стратегија и тактика која е на сцена а која во мометов е единствената солуција Македонија да се врати во нормала. Споро, со многу слаломи, со трпение, со надмудрување – но Македонија да се врати. Велат, нели, што една будала може да растури, 100 паметни неможат да поправат. Ние будалата ја имаме, се вика Зоран Заев.

Дали ми се допаѓаат сите потези на ВМРО ДМНЕ и Мицкоски – не. Дали има друга солуција – ептен НЕ.

Постојаното кажување од страна што тоа треба ВМРО да прави а не го прави, е воајеризам. Тој што знае што требе, нека не кажува, нека направи.

Тој што кажува “ебате животот ако не си спремен да го дадеш за Македонија“, нека повели нека го даде. Да видиме пример. А не албанец организатор на протести да му кажува оваа Македонка не можеда зборува.

А сите што се на нет хаштаг патриоти да беа на сите народни митинзи, ко што бев јас на пример, можеби историјата ќе имаше друго течение.

Вака, единствен што понуди стратегија, план…, единствен што има членство, организации, гласачи, поддржувачи, симпатизери…, единствен кој е финансиски потентен…, единствен кој е меѓународно легитимиран… од опозиционите политички партии и движења е ВМРО ДПМНЕ.

Оваа ВМРО ДПМНЕ која вчера го реизбра Мицкоски.

Миленко Неделковски
Скопје, 13 декември 2021