КАСТИНГ

Најпрво низ Скопје се проширија гласовите дека неколкумина видни членови на СДСМ не прифатиле да се на листите на СДСМ. Најеклататнтен пример се посочуваше дека е Гордан Георгиев.
Потоа, од листите мистериозно испари името на Нано Ружин. Вели, односно лаже, дека бил на добитна 10 позиција. Листите на СДСМ во 1 (кец) се сигурно добитни до 6-тата позиција. 7-мата и 8-мата дебело висат. Остана само Кире Наумов да биде послабо вреднуван од Сафет Бишевац во оценките дадени од Радмила Шекеринска и Зоран Заев.
Воинствените Сафет Бишевац и Самка Ибраимовски се на места на листите кои, доколку ВМРО отиде на бројка од 62-63, нема да бидат добитни. Односно, ќе извисат.
Кадарот на Велија Рамковски, неостварената министерка Ленче Николовска не е во ниту една комбинација.
Крајно, СДСМ се реши на листата да ја стави една од најпознатите свои ликови Наташа Струменковска. Позната по тоа што жените не ги дели по пол. Позната и по констатацијата дека сите мајки се жени.
Тоа е кастингот на ВМРО на овие вонредни парламентарни избори.