Каролина РИСТЕСКА

АНКЕТА:
,,Како ја оценувате работата на новата Влада на Р. Македонија?’’

Кога во една држава, власта ќе ја земат на нефер начин тогаш следува да одговорам на поставеното прашање еве вака: циркузантска дружина К15 во моментов владее во Републиката! Целиот изборен процес помина во напнатост со кочанот и Фатиме за да заврши со уцените од ЕУ и Западот. Сите видовме како беше изманипулиран Никола Груевски. Единствено што му замерувам е : зошто Никола си замина од власта, зошто не ги издржа стаповите по твојот грб за Македонија се работи? Денес оваа т.н или самоизбрана “влада” за мене е нелегитимна дружина од циркузанти шарени и невладини кои имаа празни џебови ете сега можност добро да ги наполнат. Македонците страдаат од Македонци денес. Штом не разбраа дека само во слога можат да живеат денес други ни ја кројат судбината. Со Албанците е јасна платформата,со Бугарите демек први другари ќе бидеме, а од друга страна сеуште не се изјасниле дека живеат Македонци во Пиринска Македонија. Додека со Србија играме криенка-миженка околу прашањето зошто се каат за името што ни го признале. Искрено ми недостасуваат коментарите од Мирка Велиновска но, знам дека и таа ќе се сложи со мене дека овој шарен циркуз мораме да го изгледаме до крај. Инаку да сечеш лента на туѓ труд е ѓаволски лесна работа , од мака ќе се изнасмееш. Се надевам Македонците ќе научат дека само силните народи имаат држава и дека во слогата е Вистината и доброто на сите нас и нив во Република Македонија и пошироко. Додека за надворешната политика ја крчкаат Нимиц и Коѕијас , дотичниот министер го спремаат за запршката. Тие мислат дека забораваат Македонците!!!Бегалците ги спремаат за ново гласачко тело кое ќе им го олесни Референдумот за името. Точно е дека имаат одличен план кој Зоран Заев цело време го кажува додека сите ние само слушаме и се нервираме поради неспособноста на нашата досегашна политика. Цврстиот став за жал не го докажаа до крај ниту Претседателот Ѓорге Иванов ниту ВМРО-ДПМНЕ. Новите локални избори ќе бидат уште поголем циркуз од Изборите на 11 ти Декември. Странскиот фактор ќе ја води палката цврсто додека нашиве ќе свират и играат по туѓи ноти. И на крајот да сублимирам со следниов коментар: тие што молчат ќе ги толчат оти Бог ни дари Библија да ја читаме,учиме и проповедаме низ целиот наш живот мои Македонци запишани во неа за навек! Бидете живи и здрави ве сака секогаш ваша Каролина Ристеска.
( коментарот ќе биде објавен во Канадско-македонскиот весник Macedonia Newspaper во Торонто на 1.08.2017)