Каракамишева БРУТАЛНО поротив Никола Димитров

Каракамишева БРУТАЛНО поротив Никола Димитров

 

Никола Димитров се вади со програмата на ВМРО од 2016 дека немало цензус за референдумот?! Пишувало ако имаме договор на маса ќе ги прашаме граѓаните и ако мнозинството граѓани кажат “да” ќе го потврдиме договорот.
Ова е врв на манипулацијата, програма на партија да е поважна од Устав и закон!

Новиот текст на идната Преамбула на Уставот на Република Северна Македонија ќе гласи:

Граѓаните на Република Северна Македонија, македонскиот народ, албанскиот народ како и граѓаните кои живеат во нејзините граници кои се дел, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите, преземајќи ја одговорноста за сегашноста и иднината на нивната татковина, свесни и благодарни на своите предци за жртвите и посветеноста во нивните заложби и борба за создавање граѓанска и демократска држава, одговорни пред идните генерации за зачувување и развој на сè што е вредно од богатото културно наследство и соживот во Македонија, еднакви во своите права и обврски кон заедничкото добро – Република Северна Македонија – во согласност со традицијата на Крушевската Република и антифашистичката Народно ослободителна борба, како и на Референдумот од 8 септември 1991 година, одлучија да ја конституираат Република Северна Македонија како самостојна, граѓанска држава, со намера да се воспостави и зацврсти владеењето на правото, да се гарантираат човековите права и граѓанските слободи, да се обезбеди мир и соживот, социјална правда, економска благосостојба и напредок на личниот и заедничкиот живот, преку своите претставници во Собранието на Република Северна Македонија, избрани на слободни и демократски избори го донесуваат овој Устав на Република СевернаМакедонија.

Според предлог текстот на анексот 1 од Спогодбата со Грција, од преамбулата на новиот устав на Република Северна Македонија се брише АСНОМ.

Во амандманот за промена на преамбулата на Уставот што протече во јавноста Албанскиот народ добива државотворен статус, а одлуките на АСНОМ како и самиот АСНОМ се целосно избришани!

Сардисани се 9-те решенија кои се темел на нашата самобитност и автохтоност како Македонци!

Ја нема Декларацијата за основните права на граѓанинот, го нема решението за македонскиот јазик како службен јазик во македонската држава, го нема Правилникот за работа на АСНОМ, го нема Решението за формирање Президиум на АСНОМ, го нема решението за формирање државна комисија за утврдување на престапите на окупаторите и нивните помагатели, го нема решението за прогласување на Илинден -2ри август за народен државен празник на македонската држава, го нема МАНИФЕСТОТ НА АСНОМ!

ОВА Е ЧОВЕК ДА ОСТАНЕ БЕЗ ЗБОРОВИ!

Панко Брашнаров, Методија Андонов Ченто, Емануел Чучков, Венко Марковски, Цветко Узуновски, Богоја Фотев, Михајло Апостолски, Страхил Гигов, Петар Пирузе, Киро Петрушев, Јован Ѓоргов, Лазар Соколов, Вера Ацева, Камбер Хасан, Ацо Петровски, Богоја Фотев и многу други СЕ ПОМНОЖЕНИ СО НУЛА!

ЕТЕ ТОА Е ТАА “ДЕМОКРАТСКА” ВЛАСТ ШТО НЕМА ПОИМ ОД НИШТО!

СРАМ!

НАЦИОНАЛЕН СРАМ НА ВЕКОТ!