Како Паљачо помогна да се осуди Јохан

Како Паљачо помогна да се осуди Јохан

Ако нешто ми е одвратно, тоа се луѓето што менуваат страни, партии, политички убедувања…

Прво, затоа што биле (и се) абдали, па не знаеле (и тоа не еднаш, ами повеќе пати) да изберат опција (партиска, идеолошка, животна…) за која ќе се определат.

И второ, затоа што за тој свој кретенизам ги обвинуваат оние што не забораваат и не дозволуваат да се игра на кратка меморија.

За нивна жал

– сликите од нивните активни присуства на митинзи и прес конференции како подопашници на нивните тогашни лидери (Даштевски кај Филип Петровски, или Тони Цвиканац кај Марјан Ѓорчев на пример);

– објавите за нивната идеолошка определеност (левичарењето и идеопоклонството кон Сталин, Ленин и Троцки на Љупчо Златев на пример);

– колнењето во 4-те свети букви, за на крај да завршат во аналниот отвор на Муртинскиот монструм (Љупчо Георгиевски, Стојанче Ангелов, Никола Димитров и Љубе Бошкоски на пример);

– свртувањето од СДСМ кон ВМРО ДПМНЕ затоа што Бранко Црвенковски не им ја услиши молбата да добијат висока позиција во таа партија (Љупчо Павлевски Паљачо и Васко Ефтов, на пример);

– документи за соработништво со полицијата (Садам Дамовски на пример)

се јавно достапни на нет, а си ги имаме и во сопствените архиви.

Тие и такви кљукани со пари од Кале, Мериот, Пешта или Муртино може да се ги кријат своите гадости, ама нема да успеат се додека има некој што ќе ги потсетува какви чиреви биле.

И затоа сум радосен, оти нервозата не можат да ја скријат. Нервозата оти се разгологазени.

На пример, човекот што не знае што е (лидер на 3-та ли е, генерален секретар на Солза Грчева ли е, водител ли е, лоб ист ли е…) Градежникот-на-Тифани Паљачо (дивоградба беше Тифани, а му ја легализираше Сашо Мијалков) може да залаже наивни луѓе по портали, водители по негледани телевизии или жртвувани и наместени луѓе во затвори – ама не може да ги излаже оние што знаат.

Примерно, не може да ја излаже Мирка, оти таа е сведок дека во неговиот неделник “Старт” таа беше вработена како ѕидарски работник.

Не може да ме излаже мене дека имаше ФБ статуси каде посакуваше смрт, а ако не тоа, тогаш предлагаше затвор за Мирка Велиновска и Миленко Неделковски.

Не може да излаже и да се претставува како патриот, оти укоричените приметоци на Старт во НУБ кажуваат дека имаше текстови, фотографии и аѓенда  (пласирани преку текстови на Марја Ѓуровски и на самиот Паљачо) каде однапред презентираше докази на штета на Македонската страна при војната во 2001-ва! Истите монтирани “докази” од странски служби што потоа беа употребени да биде уапсен, суден и пресуден Јохан Тарчуловски. Паљачо директно помогна Јохан да одрапа една деценија зад решетки. Еве сега слично, помогна во зацементирувањето на презудата за луѓето од 27-ми.

Во еден свој текст од 2001-ва, Паљачо има и табела каде законската  акција на Македонските безбедносни сили за воведување ред и спречување терористи во нивната намера да ја нападнат Македонија – ја нарекува одмазничка акција. Ги поистоветува регуларните полициски сили на Македонија со шиптарските терористи влезени од Кособо. Му пресудува на Јохан и Македонија!

Човекот што Македонските безбедносни сили ги прави одмазнички (а не спроведувачи на ред и поредок) како да се ѕверовите на Веља Невоља, сега глумата патриот.

Акцијата на Македонските безбедносни сили ја третира како хорор!!!

Хорор осветничка акција  била акцијата што ја предводеше Јохан Тарчуловски, пишува овој Паљачо.

Од такви луѓе ми се гади, пишав на почетоков на текстов.

Од превртачи и фолиранти.

 

Миленко Неделковски

14.02.21