Каде му е знамето на Бетијан?

Каде му е знамето на Бетијан?

Организацијата на митингот во Кавадарци за промоција на кандидатот за Претседател на Македонија од редовите на СДСМ Стево Пендаровски, мина во забележително немање било какви македонски симболи. Македонското знаме никаде го немаше. А, на пример, имаше развиорено неколку српски знамиња.

Прашање е дали е тоа агендата на лидерот на кавадаречките сини рози Бетијан Китев?

Кавадрци, сепак, е центар на големото Тиквешко востание. Тогаш, револуционерите прво што направиле, е на општинските згради во Неготино и Кавадрци да го развеат знамето на Организацијата.