Иран мора да одговори

Иран мора да одговори

Иран мора да одговори.

Иран нема и не смее да одговори со брз очекуван напад врз американските војници, врз било која американска службена постава на блискиот исток. Го направи ли тоа, Иран ќе биде уништен при американскиот воен возврат, но, тоа на ниту еден начин нема да му донесе победа на Трамп, напротив, тоа ќе биде засигурен пораз на домашна сцена и отворен пат за оние кои ја доведоа состојбава до апсурд, по серијата порази на американското влијание на отворена сцена, за Трамп да мора да нареди убиство на некој голем водач, херој, трн во ногата, на оние чии сценарија за целосен надзор врз светот не им успеаја, за провоцирање војна, во која и Израел може многу лесно да изгори со падот на Иран, а сето тоа ако не се сака импичмент кој би го обезбедиле неоконзервативното крило во републиканската партија. По евентуалниот импичмент светската војна би била многу поизвесна отколку сега со Трамп.

Сега, со убиството на Генералот, им се одземни сите аргументи дека Трамп е русофил, мекуш, манипулатор. Сега ѕверот е зачудувачки сит, за некое време барем.

Русија нема и не смее да му помогне на Иран при евентуален напад од САД, доколку Иран сега поради оправданиот гнев, реагира на прва емоција. Русија нема да ризикува светска војна при сеуште отворените можности по релативно мирен пат да се дојде до мултиполарната распределба на моќ во светот, по која токму таа ќе биде победникот.

САД не ги освоија умовите и срцата на луѓето од блискиот исток, САД секојдневно губат влијание и не се пожелни ниту како економски партнери веќе. Нивното понатамошно присуство само ќе го спречува развојот на регионот, а трошоците за одржување на некакво статус кво околу Еуфрат, стануваат се поголеми и неучинковити, осбено што нема веќе можност за американски продор (и успешни провокации преку исиловци, ујгурци итн) ни кон исток–Индија, Кина, ни кон север-Русија.

Изгледа трезвено после се’ САД да се повлечат од сите точки на земјината топка кои ги окупираат, зошто веќе историјата документирано ги бележи и како убијци на најуспешниот теренски чинител-Касим Сулејмани, против засега, најголемото зло( и според службен Пентагон) на 21 век-исилскиот тероризам, па така во иднина нема да можат да најдат никакво оправдување за било која “миротворна” акција која би ја иницирале, но доколку тоа го направат сега брзо, поради некаков притисок од поголемите други светски нуклеарни сили, повлекувањето би значело признавање вина и отворен пат за нирнбершки процес но само против нив, а ќе им судат и нивните сојузници(кои ќе се јават како измамени клиенти) и нивните конкуренти.

Па како да се случи тоа повлекување, а да не се навлезе, барем во оваа фаза, во нуклеарна војна, а Иран секако, мора да реагира, оти и тие, молчат ли, не ли одговорат умно, не ли направат асиметрична нетипична и неконвенционална мајсторија, пропаѓаат, а заедно со нив и регионот(значи и Израел) ?!?
И токму Израилот за чудо, е тој кој е затечен во случајов. Зошто и со брз воен одговор на Иран кон САД, регионот би бил запален, а Израел прв на удар и повлечен од Иран–каков и страотен возварт од САД да им се случи, иранците сиот бес врз јудаените би го истуриле, а не преземањето ништо па од Техеран би значело целосно губење довреба во властите, чувство на небезбедност, пораз, губење достоинство, граѓански немири кои би прераснале и во меѓумуслимански но и етнички(на разните народи во Иран),немири, како и воен одговор од преостанатите генерали, повторно и пред се’ кон Израел, токму поради таквото очајно губење на државата.Паѓа Иран, но со него паѓа и Израел. Врзани се.

Значи, Иран, сепак мора да одговори, а САД да се повлечат.
И ќе го направат тоа иранците. Во време кога тие сакаат,но не врз САД, туку врз сојузници на САД, во Европа, кои се најподанички настроени, а на начин сојузниците, но самостојно(без САД, без НАТО) да бидат намамени како предизвикувачи на некаков конфликт(Албанците против Србите напр.),со спротиставена страна појака од нив, па сојузникот-предизвикувач да моли за помош од Вашингтон, доколку му се врати од нападнатите, а да не ја добијат таа помош зошто веќе за Трамп тие ќе се неполезни, со јасно коруптивни ем соросоидни влади или нивните раководства веќе во отворен конфликт со потус-от.
Нападот-одговорот, осбено не во јавниот пристап, нема да смее на ниту еден начин да се поврзе со Иран, иако тие би биле главните мастер-мајнди.
Не добивањето на заштита од САД или од НАТО, (а поради видлива вина на сојузникот-предизвикувач) би создало огромно разочарување па или откажување од сојузништвото во НАТО, откажување на гостопримството, или доаѓање на власт во тие земји на нови луѓе кои би биле антинато, со што би се отворил патот за американското повлекување без да се случат посериозни потреси внатре во САД за Трамп. Со провоакторски настроени сојузници кои сакаат војна, нема соработка-ќе биде правдањето во САД. Оваа релативно мирна разврска во која Дип-стејт губи, би се случила при исклучително внимателно складно делување на главните 10-на мултиполарни чинители, со спротиставени визии и интереси сепак,што е речиси невозможно за управување освен ако не е управувач самиот Господ Бог.
Не ли се повлечат САД, прифатат ли да бидат бранители на сојузникот, повторно доаѓаме до можната светска војна, но не со полигон блиски исток, ами Европа.

Како и да е, во овој миг да си сојузник на САД е крајно штетно и срамно.
Изгледа како самиот Великиот Генерал Сулејмани и својата смрт да ја предвидел како дел од неговите совршени тактики при сите сценарија за победа врз англо-ционизмот кој е нестрплив да му го покаже на светот својот “миротворец”, макар Израелот горел.

Игор Цветковски

Скопје, 04.01.20