Импресивна воена операција

Импресивна воена операција

Анализа како воен експерт без да навлегувам во суштината на конфликтот. За да не бидам разбран погрешно.
Секоја војна е трагедија и ужасно дело. Но војната е продолжување на политиката, но со други средства.

Од воен аспект, сведоци сме на импресивна воена операција од 21 век во реално време, спроведена на стратешко, тактичко и оперативно ниво.
Армијата на Руската Федерација врши демонстрација на својата моќ на сите нивоа, налик на “Операцијата Пустинска Бура 1991” спроведена од страна на САД
– одлично подготвена операција на стратешко, тактичко и оперативно ниво и нејзина реализација на копно, небо, море и во сајбер просторот
– правилно распоредување на воените единици на сите нивоа на театарот на воени дејства од страна на рускиот генералштаб
– најважниот дел од операцијата е заслуга на руското воено разузнавање, кое што обезбеди информации за клучните воени објекти, местата на базирање, дислокација на клучните воени единици и системи во реално време. Одлична работа на агентурата на терен, радио-електронското разузнавање, како и на воените сателити. Како резултат на информациите во реално време, на ракетните единици, стратешката и тактичката авијација не им беше проблем да ги уништат клучните цели со точност од 95% во првиот час од војната
– уништен е нервниот систем (командите центри) на украинската армија, тајни служби во првите два брана ракетни напади. Уништени се повеќе од 83 клучни воени објекти како и 11 аеродроми, плус и базите на воената флота
– започнато е движење во длабочината на Украина на 4 правци (Киев, Харков, Херсон и Одеса, и Донбас) на ударните клинови на механизираните единици. Покрај заземањето на Киев главна цел е опкружување и уништување на главнината на украинската армија на Донбас (повеќе од 60 000 војници)
– извршен е импресивен хеликоптерска десант и завземен е клучен аеродром на 15 км од Киев. Тоа е подготовка за втората фаза од авио десантот. 18 товарни авиони Ил-76 со падобранци се на пат за Киев. Киев ќе падне во тек од 24-36 часа
– како резултат на уништувањето на ПВО единиците на Украина, Русија воспостави доминација и контрола на небото над Украина
– спремен е поморскиот десант на Одеса
– првата фаза е завршена, земена е оперативна пауза (поради преговори). Поставен е ултиматум до Украина со рок од 12 часа
За Украинската армија
– огромни грешки на стратешко, тактичко и оперативно ниво, кои скапо ќе ја коштаат Украина. Најверојатно украинскиот генералштабот мислел дека Русија блефира
– главнината на украинската армија е сконцентриран на Донбас и им се заканува опкружување
– Киев е оставен без одбрана. Слично е и со Харков и другите стратешки правци
– никакво маневрирање на воените единици и техника, пред се на ПВО системите
– борбените авиони и дронови не биле разместени во заштитени бетонски хангари.

 

Дарко Тодоровски

Москва, 24.02.22

(Авторот е родум од Делчево)