Зошто, побогу, НЕ ГО УАПСИ?

Зошто, побогу, НЕ ГО УАПСИ?

Од кажаното, стореното и излажаното – НЕ СЕ БЕГА.

Искрено, срам ми е да ги гледам и слушам овие 6 минути. Имаше единствена шанса да станеш национален лидер, ти избра да бидеш кукавички бегалец што ги изжртвува сите свои соработници. Ни на штитот, ниту пак на него се врати од битката со Заев. Заврши посрамен.

Послушај уште еднаш што кажуваше зимата 2015-та, и прочитај ги моите забелешки таксативно наброени.

 

Не прифаќам закани, уцени и местенки, тоа е на штета на државата – oбраќање на премиерот Никола Груевски (31.1.2015)

Gepostet von Nikola Gruevski am Samstag, 31. Januar 2015

 

 

 

– Што бидна со законските чекори преземени од истражните органи на Р. Македонија?

– 4 средби во период септември – ноември 2014-та. Што чекаше до  февруари 2015-та?

– Првата на барање на Заев. Втората, третата и четвртатс кој ја барал?

– Сега сме 2019-та. Тогаш кажа “странска служба”. И после 5 години не кажуваш која е таа служба?

– Кој дел се оние што се точни? Кој дел се оние половично точни? И кој дел се неточните?

– Бидејки “странска служба го снабдила со нелегални, незаконски и против уставно стекнат материјал” – зошто побогу полицијата не ги успси, а обвинителството не ги процесуира сите и наши и странци? Како си ја водел државата каде ваков криминал останал неказнет?

– Каде се “цврстите и необитни докази”?

– Поднесената кривична пријава за лицето ЗЗ, не претпочиташе ли и мерка притвор?

– Бидејки “закани, уцени и местенки” не прифаќаш и велиш “не проаѓаат”, како прифати и како пројдоа пржинскитец договори, СЈО, одложување на закажани избори во април и јуни?

– Судска постапка ниту јавна ниту транспарентна ниту пак тајна – немаше.

…………

Ете, што излегува од анализата на оваа твоја прес конференција.

Ова го пишувам бидејки, еве пола деценија, по твоја препорака случајов го “следам со внимание”.

И токму заради тоа, наместо “хај” текстови, парадигми и слични чаршави што ги пишуваш, кратко одговори на три прашања што народот ти ги поставува:

1. Зошто два пати одложи избори?

2 Што работеле Гордана и Сашо?

3. Што не го уапси Зоран Заев на излез од владата веднаш по првата средба?

4. И, ЗОШТО СЕ ПОВЛЕЧЕ ОД МЕСТОТО ПРЕМИЕР?

 

М.Н.

 

Скопје

5 години подоцна