ЗБОГУМ ЗА ФОЛИРАНТИТЕ

ЗБОГУМ ЗА ФОЛИРАНТИТЕ

ПОЛИТИЧКИ ИН МЕМОРИАМ

Многу пред вчерашната комедија од соопштување на листите на СДСМ, пред здрави три-четири месеци, обзнанив дека ќе се збогуваме со сиктер-кадрите на СДСМ.
Битисувањето во јавноста носи две категории: 1. ГЛАВНИ ЛИКОВИ што траат долго и кои кога ќе се повлечат тоа го прават по сопствена воља, и 2. ЕПИЗОДИСТИ кои на буништето излегуваат да лаат, ќефкаат и крајно да изедат чутек и да исчезнат.
Еве неколку примери за разликите во овие две категории: Во новинарството тоа е разликата помеѓу Мирка Велиновска и Кате Блажевска, на пример.
Во гастрономијата тоа е разликата помеѓу Столе Воденица и шипацот од Тиволи.
Во ТВ приватните продукции тоа е разликата помеѓу мене и мојата емисија во однос на Бранко Героски и неговата А1 ТВ емисија Шпиц.
Во политиката тоа е разликата помеѓу тимот на Груевски и булументата на СДСМ.
Во ТВ вестите тоа е разликата помеѓу Латас и Ива.
Во музиката тоа е рзликата помеѓу Наум Петревски и ИксИксЕл.

Вчера заврши ерата на епизодистите Емилијан Станковиќ, Јани Макрадули, Ленче Николовска, Цветанка Ласкова, Весна Бендевска, Ивон Величковски, Кире Наумов, Нано Ружин, Миле Зечевиќ, Ана Павлова Данева, Гордан Георгиев, Горан Сугарески, Горан Минчев… Веќе денес се заборавени. Човек, по 24 часа од нивното исчезнување неможе да се сети по што би ги паметел! По некоја изјава, став, дело, акција, ангажман? Не бе, немале ништо. Гола нула. Зеро. Епизодисти… Никој не ги памети.
Со нивното летање од сцената, уште еднаш завршија, се избербатија (усраа), и нивните најмени мегафони: Бранко Героски, Борјан Јовановски, Ива Секуловска, Ерол Ризаов, Ацо Кабранов, Насер Селмани, Васил Мицковски… А, потонаа во гомна и самоназови аналитичарите Муслиу, Петре Арсовски, Биљали, Орданоски, Ѓунер Исмаил, Ивор Мицковски, Петрит Сарачини, Митко Јованов… Ништо што предвидоа, анализираа, соопштија не се оствари. Не бидна така како што кажаа. Тоа да ти биле само нивните желби и соништа. Но не и реалноста и потребите на овој народ. Употребната вредност овие новинари и аналитичари никогаш не ја ни имале, ама ете некој странец се прелажал па инвестирал во нив. Сега, еве на јаве, излегува дека се работи за нули.

СДСМ вчера јаво призна дека:
1. Ги предава изборите пред да започнат.
2. Врвот, односно Заев, Шекеринска , потпретседателите, генералниот секретар и другите раководители на партијата, сметајки го и оној во сенка од Флорида, НЕ САКААТ ДА ИЗЛЕЗАТ ПРЕД НАРОДОТ и да се проверат на демократската сцена. Не сакаат да се соочат со судот и оценката на народот.
3. Нема кадровска политика за обнова на човечкиот потенцијал во партијата.
4. Нема идеи.
5. Нема програма.
НЕМА ПОНУДА……
Со замолници до Тачи, со продавање на името со помош на Ахмети, со насмеани фото сесии со грчки политичари, со неизвинување пред својот народ за транзицијата, опостошувањето на Македонија, енормното богатење на тајкуните – не се добива поддршка кај народот.

Вечерва ВМРО ке стартува од Охрид со 40.000 народ на митинг. СДСМ во Униерзална со 1.200 луѓе. СДСМ стартува со рејтинг од 14% а ВМРО од 40%. Иванов ќе стартува со доверба од 42% од гласачите, а Пендаровски со 20%-на доверба. Груевски ке стартува со 38% популарност, а Заев со 11%.
И, сето ова, по 8-годишно опстојување во Владата на РМ на Груевски и ВМРО. Нивниот рејтинг и нивната доверба што ја имаат кај народот не само што не паѓа (грешки, презаситување, едноличност…), туку напротив се крева. Без разлика дали лидер на СДСМ е Радмила, Бучко, Бранко или Зајко.
Тоа се бројки што никаков тектонски потрес неможе да ги помести. Доколку некој сака да завладее со просторот каде сега е ВМРО ќе му треба макотрпна работа долга дузина години. А, доколку СДСМ сака да презем бројки од СДСМ, нека не се труди. Тоа е неможна мисија. СДСМ, како и ПАСОК, како и Емилијан, Макрадули, Ленче и слични заминува од сцената, Затоа и им го пишувам овој ИН МЕМОРИАМ.

Крајно, како шлаг на оваа комедија, и издвоил и би потсетил на неколку лика, погоре не споменати. И на нивните изјави, наслови, тврдења, емисии… Кога ќе се потсети човек на такво нешто, на подолуспоменатите само уште црвен кловновски нос ке им недостасува за вработување во циркус.
Па така:
1. Што станува со Петар Атанасов, кој се фалеше дека Бранко му го ветил министерското место во образование? Каде е дечково, поранешен новинар (краткорочно). Тоа е човек што тврдеше дека Македонија е полуслободна држава со заробени грагани. Прашањето до овој што никогаш министер нема да стане е: кој е заробен? Граганите што си гласаат слободно: Или тој кој е замандален во јаловите ветувања на Бранко.
Кај е Петар Атанасов да се бори во првите редови на неговата партија. да излезе пред народот. Да побара доверба. да ги убеди луѓето дека се заробени. Тастатура мажот го нема никаде.
2. Што стана со ветувањето на Марин Бабиќ дадено летоска дека нема да се тргне од пред портите на шутка се додека не се остварело не-знам-што? Бабиќ хаубата на Лада Нива ја замени со мекото студиско столче и солиден хонорар во провладино радио карши Влада. Толку од мажот прилепски.
3. Кај е Есад Рахиќ. нели тој се врати (по трет пат) лани-преклани, па претепа пензионер пред рекорд… Кај е Еско? Оној што киднапираше пратенички во Собрание.
4. Маниќ “мали“ пред некој ден раскина со Владо Бучкоски и Алијансата. Верниот следбеник и поддржувач на Бучко и Палчо сега нема каде да се наслони. Муштериите во кафикот му останаа без функции и гласачи.
5. Каде е на листава Мики Вуиќ. Познат адвокат што клиентите му добиваат казна поголема од законски максималната дозволена. Нели министер за правда ќе беше?
5. И на крај, ОВА МОРА ДА ГА ОДОВОЈАМ СО ГОЛЕМИ БУКВИ: После оваа листа на СДСМ, ме интересира дали Оливера Трајковска може да си објасни зошто во својата емисија од пред неколку дена ја повика како гостинка Радмила Шекеринска. Секоја емисија треба да има цел. Да е актуелна, издржана… Они две, инаку очајни домакинки, немаат што да бараат во политичка емисија, оти за политика абер немаат. Да викнеш во емисија за полтика мртов коњ, како Радмила, мора да си очајно неинформиран водител. И затоа си во мала телевизиичка, во студио со квадратура на дечја соба и со гледаност под бројката за статистичка грешка.

Па така ЗБОГУМ еписодисти. Главните ликови остнуваат на сцена се додека не решат сами да си се повлечат.