Заврши 2017-та

Заврши 2017-та

Во текот на 2017-тата Македонија влезе во класичен тоталитаризам и фашизам. Не важат закони, не важи устав, не важат процедури, не важи гласање, НЕ ВАЖИ ГЛАСОТ НА НАРОДОТ.

Полицијата, двете обвинителства и судот едните ги гони до изнемоштеност, дури замандалува апсолутно мирољубиви и ненасилни луѓе… Другите ги ослободува иако имаат дела против човештвото, уставот, самостојноста. Плус, до недоглед, заради процедурални ситници, се одложува судењето за оној абдал што судот не го признаваше.

Кога вака, на крајот на годината, ќе си стави човек прст на глава да размисли, навистина се поставува чудно прашање! Не е прашањето “Зошто ова вака ни се дешава“. Не. Прашањето е “Кој и каква порака ни праќа со оваа идиотштина што ни ја наметна како власт“?

Од страна гледано, апсолутно се неспоредливи габаритите, способноста, работливоста и изработеното на Кендо, Коце, Ставревски, Љупчо Димовски, Груевски со од спротивна страна идиотите Сугарески, ШиШегов, Бруто-Нето Данска, Љупчо Николовски, Заев.

Вака, кога ќе се погледне сликата, не е логично овие сегашниве на избори да ги тепале оние бившите.

Е, демек, краделе. Тоа не е докажано, но евидентно е дека “Данска“ министерот веќе ја задолжи Македонија за скоро ЕДНА МИЛИЈАРДА евра. А само 7-8 месеци е во кабинет. Не знам дали краделе, ама дека граделе се гледа. Дека нафтата беше супер ефтина, дека струјата беше поднослива, дека парното беше примамливо, дека градежништвото беше потентно, дека земјоделците беа задоволни, дека како-така се чуваа националните интереси  и симболи, дека криминалците беа исчистени од улиците – се гледаше.

Е, зошто е тогаш ова вака? Кој и каква порака сака на нас народот да ни пренесе. Што сака креаторот на инженерингот да ни порача?

Одговорот на прашањето “кој“, е едностваен. Амбасадорот на длабоката држава, не на САД, Џес Бејли и неговите Вашингтонски наредбодавци.

„Зошто“ е tricky question.

Вака, од оваа перспектива гледано, најсилната држава во светот, со својата најагресивна дипломатија во светот и со најмилитантна армија во светот сакаа и сакаат да ни избришат било каква верба дека Македонецот може да има лидери, идеолози, политичари што успешно ќе ја водат и градат оваа држава.

Порака, секако забиберена со немање основна  безбедносна култура на ликовите од тонските записи во “бомбите“, и гнасотиите што таму ги слушнавме, е следна:

Оние што во предходната деценија 10 пати по ред си ги биравте се поголемо ѓубре од овие што сега се на власт! Кога оваа група на пијаници (Шилегов), педери (Николовски, Боки 13, Павле…), глупаци (Заев) и криминалци (Анѓушев, Шекеринска) може да се добере до власт, тогаш оние пред нив биле ДАМБЕТЕР.

Тоа е пораката. Отепајте се вие Македонски народе, оти сте го глорифицирале Груевски, поддржувале Коце, одобрувале Ставревски… Отепајте се, оти со изборов на новиве се покажува дека старите биле се‘, само не она што вие како народец сте си помислувале.

На оваа порака од длабоката држава има и “додадена вредност“, а тоа е пораката: А за да видите дека сте биле грешка што толку пати толку убедливо ги биравте, бившите ќе ги месиме, кршиме, малтретираме до ниво се‘ да прифатат, се‘ да потпишат и се‘ да попуштат. Да видите дека тоа не биле стамени политичари ами обична шикишаана кој може во секој момент да биде уценета и секогаш кога ќе им се рече да мора да го спроведат она што ќе им каже газдата од Кале.

Ете, мене ми се чини дека е ова пораката на Џес Бејли и неговите шефови до мене и нас Македонците. За кратко време успеаја да елиминираат било каква еуфорија кај граѓаните на оваа држава од разубавување на градот, поставување споменици на нашите славни предци, градење на патишта и автопатишта, заштита на името.

 

 

М.Неделковски

31.12.17

Скопје

09.33 ч.