ЖАН МИТРЕВ и здравјето на МИЛЕНКО

ЖАН МИТРЕВ и здравјето на МИЛЕНКО

Јас сум полн со разбирање за малоумни типчиња како кривопаланечкиот сопственик на Доказ, кој во моменти на самотија кога се прашува каде и со кого (со кој градоначалник од Источна Македонија) му е жената во кревет, бега од реалноста занимавајки се со физичкото здравје на Миленко.

Полн сум и со разборање за Гериз кој откако стана Македонски, а можеби и светски, рекордер по број на затворени и пропаднати медиуми (и оставени новинари без работа), нема друга шанса да го прави својот партал (со “а“) читан ако не го спомене името на Миленко.

Секако ги разбрам и сите Нори-мори, Јоци-моци и други СДСМ-соросови гомна-лајна што посакуваат да се ослободат од Миленко, но не со подобар текст, не со подобра емисија, не со поголема приемчивост – туку со административно-фашистичка забрана преку Агенцијата на Зоран Трајчевски. А ако и тоа не вроди со плод, тогаш најдобро би било Миленко од здравствени причини да ја напушти сцената или да го напушти овој свет.

Па да ви кажам. Утре да умрам, немам што да изгубам. Сум иззживеал живот за 10 вообичани животи. Сум посетил места, направил проекти, учинил добро, водел љубов, гледал убавини што еден серко како Гериз не може да ги направи два милениуми да живее.

Ама, според докторите, изгледа нема така скоро да крепам. Жалам.

На сите мои непријатели им посакувам на 60-годишна возраст да имаат резултати од РЕДОВНИТЕ лекарски прегледи како моите. Јас, за разлика од погоре наброените и нивните компањони сум цивилизиран човек. Редовно, на секој 6 месеци си одам на комплетна контрола со години во “Филип Втори. На 6 месеци одам и кај дентист Др. Каракамчев, почесто на педикир (не ви откривам каде), оти здравјето доаѓа од стопалата.

Јас разбрам дека има на светов и кај нас луѓе што на доктор одат дури кога многу боли, дека нивната провинцијалска свест не разбира дека здравјето, исто како и тревникот на Вембли, треба да се оддржува. Разбирам дека се плашат од инекција, забарска столица… А ете дошле во град, се кажуваат граѓани, а опинците никако да излезат од него/нив.

Уште еднаш, на сите мои непријатели на 60-годишна возраст им посакувам резултати какви кај мене се снимени при последниот РЕДОВЕН преглед ка Др Митрев на 9-ти Јуни (приложувам документ). Еве да откријам, прегледот го направив пред да заминам со мојата ТВ екипа на пат со мојот 15 години стар Форд Експлорер долг 9.300 километри до Португалија, патем снимајки емисии и во Хрватска, Италија, Швајцарија, Франција и Шпанија. Секој цивилизиран човек би требало пред таков долг пат и заморителен проект што бара ментална и физичка спремност, да провери притисок, вид, простата, заби, шеќер, маснотии…

Ама добро, следните ваши поколенија ќе се поцивилизирани.

Бидејки сите овие што посакуваат мое нарушено здравје, како решение на нивните проблеми со неталентираност и невлијателност, постојано се закачени и на моите деца, кои не се веќе деца, ами возрасни, самостојни особи, еве им додатна информација:

Во петок 26-ти и сабота 27-ми многу ми е важна авио линијата Тампа – Атланта – Рим – Скопје. Имено, ќерка ми Бона ќе го користи својот годишен одмор да ме посети и да помине во Македонија 2-3 недели. Ќе постирам и фотки.

Да заклучам. Здравјето, фала му на Бога, ме служи. Децата, фала му на Бога, се здрави, живи и успешни.

Од животот сум апсолутно задоволен.

Over and out.